Почетна / Совети за здравје / Познатите напитоци кои обезбедуваат свежина и здравје

Познатите напитоци кои обезбедуваат свежина и здравје

Научете како да е згаснете жедта, и да на Вашето семејство му обезбедите свежина, здравје и добар имунитет. Познато е дека нашето тело ја губи влагата, драгоцената животна важна течност, во сите услови ( во зима се гледа во облик на пареа која се формира во текот на дишење, а во лето се потиме ) а количеството на изгубена течност воопшто не е за занемарување, изнесува 2 – 2,5 литри на ден!

Кога ќе изгубиме литар течност, почувствуваме жед. Тогаш треба да реагираме, за да не дојде до проблеми, бидејќи со губење на 2 литри течност доаѓа до опаѓање на ментална активност – тоа таканаречено летаргична состојба, кое не треба да се занемарува. Една третина од неопходната течност телото обезбедува од храната – каши, супи, овошје, зеленчук, а преостанати две третини од напитоците.

Вода – не окрепнува, ги полни клетките, чисти организам, исфрлува токсини и чувство на умор, подмладува.

Тајна: за да задоволите дневни дози на витамин Ц во вода додадете сок од цеден лимон или портокал. За да течноста се задржи подолго во организмот, помагаат шеќерите, органските киселини и минералите. Смислата на внесување на вода е да на телото се надоместуваат изгубените хранливи материи.

Млеко – намалува стрес, исфрлува токсини, делува против остеопороза. Млекото го намалува крвниот притисок и се препорачува да се пие не многу масно млеко.

Тајна: чај со млеко, кои често пијат Англичаните и Русите и Тибетанците ( Тибетанците повеќе пијат чај со путер ) совршен е поради ензимите кои Ви подаруваат, како поради тоа што ја обновуваат слузницата на желудникот.

Чај – треба да се пие поради голем број на причини. Еден од нив е тој, што е доволно да се зема во количина за третина помалку од вода, а ефект на хидратација ќе биде ист. Пијте зелен чај или црн чај, по избор и афинитетите, но сепак запознајте ги нивните карактеристики. Зелениот чај за крвните садови и богат е со витаминот П. Црниот чај подобро не тонизира и не држи будни во текот на цел ден. Во една шолја чај има околу 15 милиграми флавоноиди, кои се драгоцени бидејќи штитат од срцевите заболувања и канцер. Во зелениот чај се наоѓаат прости, а во црниот сложени флавоноиди, што значи дека оние од зелениот полесно и побрзо се усвојуваат.

Боза – вкусен и хранлив напиток, но децата навикнати на други вкусови, поретко ја консумираат. Но бозата доколку е добро подготвена, навистина може да ја згасне жедта и засити оние луѓе кои преку денот не јадат многу. Многу е калорична, па затоа е најдобро да се пие по оброкот, кога незините ферменти почнуваат да дејствуваат.

Тајна:поради богатството на витаминот Б, поволно делуваат на нервите.

Квас – патописите од западните европејци по Русија полни се со текстовите за квасот. Се сметаше дека русите  не заболуваат од болестите врзани за лошата вода, токму поради тоа што пијат квас. Тој навистина има бактерицидни својства: во нега за 20 минути умираат бацили на колера и тифус. Како и сите ферментирани напитоци го поспешуваат варењето.

Тајна: редовната употреба на квасот во исхраната доведува до подобрување на работата на нервниот систем.

Пиво – нектар од хмељ, содржи алкохол и тоа од онаа група на алкохоли кои можат потполно на ја надокнадат водата во организмот, како и привремено да ја згасни жедта. Не се препорачува консумирање на пиво во големи количества.

Тајна: доколку се консумира само една чаша пиво секој ден или секој втор ден, тоа може да биде корисно .Според Чешките и Германските научници, ова количество го намалува ризикот од некои срцеви и бубрежни заболувања.

Соковите и нектарите – се препорачува сокови од домат, вишни, малини, грејпфрут, киви, слива, ананас поради големо количество на витамини, а киселиот вкус има својство да разладува. Густите сокови се побогати со пектин, витамини растворливи во мастите, и други корисни материи, па затоа не треба да ги занемаруваме.

Тајна: Изоточните сокови ( оние кои по својата концентрација одговараат на крвната плазма ) најдобро одговараат и најдобро се усвојуваат

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...