Почетна / Совети за здравје / Позитивниот став заштитува од вируси!

Позитивниот став заштитува од вируси!

Вирусите ги имало и ќе ги има. Секој организам зависи од снагата на имунитетот. Не постои ниту еден волшебен лек кој преку ноќ може да го обнови Вашиот имунитет. Бидејќи преставува комплексен систем кој постојано е на удар, тој бара и комплексна секојдневна потпора. Тоа е пред се корегиран начин на животот, намалување на стресот, корекција на нутритивен дисбаланс, квалитетен одмор и релаксација. Имунитетот е навистина холистички, затоа што влијае на целото тело и блиско е поврзано со психата, неуролошкиот и ендокриниот систем, но реагира и на влијанието на околината.

Емоциите – фактор на здравјето

Психонеуроимунологија е термин кој се користи за да се опише интеракцијата помеѓу емотивната состојба, нервниот систем и имунитетот. Тоа е во суштина оној главен командни систем кој ги прима и праќа сите информации од телото по принципот на биофидбек. Кога сме среќни, расположени  имаме позитивен став кон животот, имунитетот реагира подобро отколку кога сме тажни, намуртени, депресивни, агресивни, уплашени. Емоциите се потполно вклучени во целиот нервни и телесен систем а за тој контакт се важни два дела. Тоа е аутоимуниот нервни систем (симпатикус и парасимпатикус) и лимбичкиот систем (хипоталумус, хипокампус и амигдала). Стресот – било физички, било ментален, било емотивен – го зголемува нивото на хормоните на надбубрежната жлезда: адреналин и глукокортикостероиди, а преку нореадреналинот се стимулира симпатикусот кој е одговорен за итни одбранбени реакции. Овие хормони, поред останатите многубројни ефекти, го стопираат развојот и формирањето на белите крвни зрнца, а го реметат работењето и функцијата на тимусот, кој се повеќе се намалува. Така се отвораат вратите за ширење на различни инфекции и дегенерации.

Бидејќи превентивата е најдобра медицина, еве што можеме да направиме:

  1. Почнете го денот со вежбање, доволни се и 10 минути
  2. Испијте сок од зеленчук или овошје (цвекло, морков, целер, магдонос, зелка, јаболко, портокал, лимон, грејпфут )
  3. За утринскиот појадок направете добра комбинација на храна со помош на која ќе бидете сити до ручек (секако, не појадувајте уз утринските вести, затоа што желудникот ќе Ви се собере, пред да изедете се). За останатите појадоци задолжително изедете сварен зеленчук мешунки, свежа салата, интегрален леб.
  4. Во текот на денот, наместо 2-3 децилитри кафе пијте различни чаеви, лимонада со мед и не ја заборавајте водата.
  5. До Вашето работно место или до училиштето одете или враќајте се пешки.
  6. Исто така ментално и емотивно добро подгответе се за работа и работете ја со насмевка и со задоволство најдобро што можете, затоа што е и тоа дел од Вас (секојдневната огорченост, незадоволство и лутењето остават трага на Вашето здравје). ″Доколку не можеш да го смениш светот, можеш да го смениш твојот став″.
  7. Големо влијание на зајакнување на имунитетот и обновувањето на имунитетот имаат одморот и добриот ноќен сон.

Здравјето не се купува туку се стекнува и негува, Со свесен однос кон себеси, кон другите и кон околината во текот на целата година можеме значително превентивно да делуваме на нашиот имунитет кој на несвесен ниво се бори и го брани нашето тело од доминацијата на вирусите.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...