Почетна / Совети за здравје / Повторно откријте ја радоста и унапредете го здравјето!

Повторно откријте ја радоста и унапредете го здравјето!

Широка и искрена насмевка го разоружува и лутиот непријател! Кога и да се најдете во ситуација да треба да се соочите со намуртени и не приступачни луѓе сетете се на поговорките на мудрите луѓе. Тогаш едноставно од срце насмевнете се и портите самите се отвораат. Еден Американски истражувач Норман Кезанс се излекувал од артритис со повеќе часови дози на смеење. Секој ден се повеќе се смеел заедно со своето семејство и пријателите и неговата болест исчезнала. Благотворното делување на смеењето делува на целото наше тело. Од респираторниот до кардиоваскуларниот систем, а сите групи на мускули се контрахираат  исто како да се занимаваме со гимнастика. Смеењето има исто позитивно влијание како џогинг или гимнастика. Ефектите се чувствуваат со часови подоцна. Дури и да не сте со ведра природа, можете да научите да се смеете кога тоа ќе Ви биде потребно. Доброто смеење дава моментална релаксација, го намалува нивото на стресните хормони и трема. Ја зајакнува самодовербата и затоа тераписки може да се примени пред испит, одлучувачки натпревари и настапи. Личностите кои не можеле претходно ништо да кажат јавно после терапијата со смеење често станувале добри говорници. Дневната доза на насмевки може да Ви помогне да го смените односот кон животот. Повторно откријте ја радоста и унапредете го здравјето!

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...