Почетна / Совети за здравје / Повеќенаменско домашно средство за чистење

Повеќенаменско домашно средство за чистење

Многу од средствата кои ги користиме за чистење на домот содржат штетни и абразивни хемикалии кои не се сигурни за користење кога во домот имаме мало дете кое често се лизга по подот , фаќа предмети па дури и лиже на површините колку и смешно и да звучи, малите деца го прават тоа.

Денес ви нудиме алтернативно решение за нетоксично домашно сенаменско средство за чистење чие дејство не е толку абразивно но затоа пак е природно и не влијае негативно кај децата и нашата средина.

Во шише со пумпица за прскање измешајте 2/3 дестилирана вода, 3 лажички сода бикарбона, 2 лажици бела киселина и еден исцеден лимон, а можете да додадете и неколку капки етерично масло од цитрус или пак ванила.
Мирисот на киселината ќе го снема по првиот ден.

Ова средство е одлично за чистење на секакви површини, битно е да ја избришпете површината со сува крпа и ќе имате сјаен резултат.

Зошто состојките во ова средство се одлични за чистење:

  • Содата за готвење– чисти, делува како отстранувач на мирриси, ја омекнува водата и чисти флеки
  • Лимонот  – е една од најсилните киселини во храната и делува ефективно во борбата против најтврдокорните бактерии во домот
  • Бела киселина – чисти мрснотии, остранува мувла, остранува дамки и дезинфицира

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...