Почетна / Совети за здравје / Постменструална депресија

Постменструална депресија

Жените кои поминуваат низ менопауза имаат четири пати поголема шанса да страдаат од депресија отколку жените кои се помлади од 45 години. Депресијата не треба да се помеша со анксиозност или повремени напади на тага, лошо расположение или чести промени во расположението.

Депресијата е чувство на огромна тага кое трае повеќе од две недели, често без специфична причина и кое го нарушува секојдневниот живот. Исто така чувството на безвредност, нарушениот сон или намалениот апетит  можат да бидат индикатори на депресија.

Зошто менопаузата предизвикува депресија?

Менопаузата е особено ранлив период за жените, бидејќи тие се соочуваат со хормонални промени. На вашето тело ќе му биде потребно време за да се навикне на намалување на нивото на естроген и прогестерон при поминување низ оваа фаза од вашиот живот.

Ова може да предизвика најразлични симптоми на менопаузата, вклучувајќи депресивно расположение, намелен интерес за најразлични активности, промени во апетитот, нарушен сон, намалена енергија и замор, потешкотии при концентрирање, чувство на вина и безвредност, чувство на немир. Откако телото ќе се прилагоди на промената на хормоните, депресијата се намалува.

Какви третмани постојат за депресија?

Депресијата е медицинска состојба која мора да се дијагностицира и третира од страна на лекар. Важно е да се разговара со него за сите ваши симптоми, моменти кога сте особено склони кон вакви чувства и семејната историја на депресија. Вашиот лекар може да ве упати на психијатар, психолог или советник.

Постои широк спектар на лекови и анти-депресанти за лекување на депресија при менопаузата. Некои лекови се  поефикасни за некои луѓе во споредба со други. Затоа ќе треба да поминате извесно време со вашиот лекар за да го најдете третманот соодветен за вас.

Тримекс, како дел од својот асортиман на производи ви нуди лек направен на природна база кој ќе ви помогне во намалувањето на депресијата. Rhodiola позната како “златен корен” е билка специфична за артичките и алпските региони која со векови се употребувала како средство за закрепнување, стимулирање на нервниот систем, намалување на депресијата и заморот и превенција од болести. Rhodiola е моќен адаптоген од непроценлива вредност – има способност да го зголеми капацитетот на организмот да се прилагоди на стресни влијанија кои непрекинато ги напаѓаат телото и духот и помага повторно да воспостави рамнотежа во организмот, без да влијае на нормалните функции.

 

Rhodiola
Rhodiola, ТРИМЕКС Дооел

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...