Почетна / Некатегоризирано / Поставување и осветување на камен-темелник на Болница Неуромедика

Поставување и осветување на камен-темелник на Болница Неуромедика

Неуромедика од своето основање од 1992г. како прва приватна Поликлиника во Македонија е бренд и синоним за здравје кај секој човек. Низ годините се докажала професионалноста и стручноста која ја поседуваме, а најголем доказ за тоа е постојаната доверба од нашите пациенти и клиенти.
Константното вложување и посветување во унапредувањето на работниот процес, кој како краен резултат стана Партнер на Вашето здравје, прераснува во поголем бренд – Болница Неуромедика!
На 11.02.2015г. на градежното земјиште на ул. Јордан Мијалков бр. 62 Скопје го поставивме и осветивме камен-темелникот за изградба на Болницата и со овој свечен чин започна прераснувањето на Неуромедика од Поликлиника во Болница. Осветувањето го изврши Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан.
Со изградбата на Болницата значително ќе ги зголемиме работните капацитети, ќе ја прошириме медицинската дејност со повеќе специјалности, ќе овозможиме нови методи на лекување со најсовремена медицинска апаратура со што очекуваме да станеме водечки регионален медицински центар.
Додека трае изградбата на Болницата, продолжуваме со поликлиничката дејност сo уште послно темпо мотивирани од прераснувањето и предизвиците кои следат.

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...