Почетна / Рецепти / ПОСНО И ЗДРАВО

ПОСНО И ЗДРАВО

Ручекот не мора да биде скап како би бил здрав. Ви предлагаме ручек, кој е осмислен да ги задоволи потребите на целото семејство.

Крем супа од печурки

Потребно Ви е: 400 грама шампињони, 40 грама билен маргарин, 40 грама брашно, малку црна пипер, малку сол, киска магдонос,

Подготовка: На маргаринот пржете брашно и додадете ги печурките кои се исечени на тенки ливчиња. Измешајте се и додадете вода. Кога печурките се сварени, зачинете ја супата со црна пипер и со магдонос.

Пржени шампињони

Потребно Ви е: 1 килограм шампињони, 2 кромиди, 1 децилитар сончогледово масло, малку сол, малку црна пипер, киска магдонос, 200 грама ориз,

Подготовка: Исчистете ги шампињоните и сечете ги на ливчиња. Сечениот кромид кратко пржете го на масло, а потоа додадете ги шампињоните. Пржете уште половина час на тивок оган. Пред крај додадете ги зачините, магдоносот и служете со варениот ориз.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...