Почетна / Здравје и исхрана / Посни солени мафини со кисели краставички

Посни солени мафини со кисели краставички

И денес нешто посно!
И овој пат со производ од Випро но овој пат со корнишони. 

За да ги подготвите овие превкусни мафини потребни ви се:
– 600 гр. бело брашно
– 2 лажички сол
– 1 лажичка шеќер
– 300 мл. газирана вода
– 1 пециво
– 8  рендани кисели корнишони
– околу 3 големи кисели моркови изрендани
– 10 каламата маслинки (исецкани на кругови)
– афионово семе
– лупено семе од тиква

Подготовка:
Во подлабок сад го ставаме брашното и пецивото. Додаваме сол  и шеќер.
Додаваме полека вода се додека не се добие средно-разреден смеса која нема да е премногу течна но ниту пак премногу густа.
Ги додаваме маслинките, корнишоните, морковите и семињата. . Смесата ја тураме во калапи за мафини и печиме на 180 степени околу 30 минути. 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...