Почетна / Рецепти / ПОСНИ ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО ОРИЗ И БУКОВКИ

ПОСНИ ПИПЕРКИ ПОЛНЕТИ СО ОРИЗ И БУКОВКИ

Во ова јадење јаглените хидрати, белковини и масти се наоѓаат во добро избалансиран однос. Бидејќи не содржи намирници од животинско потекло идеално е за личности кои постат.

Потребно Ви е: 12 пиперки за полнење, 500 грама печурки буковки, 3 кромиди, 200 грама ориз, половина низа магдонос, 4-5 домати, 1 децилитар масло, зачини по избор.

Подготовка: Пржете го кромидот во масло и додадете ги сечените буковки. После десетина минути, додадете варен ориз, ситно исечкан магдонос, сол и тргнете го тавчто од огнот да се олади подготвениот фил. Измијте ги пиперките, исечете ги дршките и исфрлете ги семките, па потоа полнете ги со оладениот фил. Наредете ги пиперките во садот за печење и помегу пиперките ставајте парчиња домати. Печете ги пипрките 40 минути на 200 степени.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...