Почетна / Рецепти / ПОСНА СУВА ПИТА СО ОРЕВИ

ПОСНА СУВА ПИТА СО ОРЕВИ

Ова пита со ореви е одличен избор за посната трпеза. Многу е вкусна, а не е тешко да се направи.

За подготовка на ова пита ќе Ви биде потребно: 800 грама тенки готови кори за пита, 500 грама мелени ореви, 600 грама шеќер, 1 лажица цимет, изрендана кора од лимон и сок од половина лимон, 1 кесичка ванила, 1 шолја масло

Разликата помеѓу посната и мрсната сува пита е само во тоа што во посната пита не треба да додавате путер, туку да го зголемите количеството на масло. 100 грама шеќер измешајте со оревите,  циметот и кората од лимон. Во подмачканиот плех редете ги корите, прскајте ги со масло и ставајте го филот од оревите , шеќерот и кората од лимон. На површината ставете празна кора и испрскајте ја со мешавината од вода и масло и кафена шолја минерална вода. Сечете ја питата на ромбоиди. Печете ја питата на температура од 200 степени околу 40 минути. Шеќерот прелејте го со 6 лажици вода и варете кратко време. Додадете го сокот од лимонот. Прелејте ја питата со овој шербет и вратете ја во рерна за да се впие шербетот. Температурата овој пат треба да биде сосема тивка. На истиот начин можете да ја подгответе посната баклава. Во незиниот фил можете да ги додадете мелените бадеми, а во шербетот повеќе вода и шеќер.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...