Почетна / Здравје и исхрана / Посен колач со Vipro мармалад

Посен колач со Vipro мармалад

Домашната храна е највкусна без сомнеж!
Денес ви презентираме вкусен домашен рецепт за колач кој е толку лесен, вкусен а воедно и посен и би можеле да го јадете и додека постите и вистински да се засладите.
Домот ќе ви замириса на вкусно печиво со ореви, а дечињата едвај ќе чекаат да го испробаат колачот.

Потребни состојки за овој колач:
– 4 лажици мармалад од сливи од Vipro
– 4 шолји брашно
– 4 шолји шеќер
– 4 шолји млака вода
– 2 шолји гриз
– 1 пециво
– 1 ванилин шеќер
– канела
– 1 шолја масло за јадење
– 100 грама ореви

Во млака вода се растопува шеќерот и ванилиниот шеќер со континуирано мешање со лажица, потоа се додава маслото и мармаладот. На оваа смеса се додаваат брашното, гризот, пецивото, канелата и оревите.
Колачот се пече на 180 степени околу 35-40 мин.
Дополнително колачот се премачкува со мармалад за дополнителен вкус.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...