Почетна / Диети / Популарната диета на Жан Митрев

Популарната диета на Жан Митрев

Кардиологот Жан Митрев за своите пациенти, но и здравите луѓе кои сакаат да ослабат, осмисли посебен план на исхрана со кој за само седум дена се слабеат и до 10 килограми, доколку во својата дневна рутина воведете барем 30 минути физичка активност.

Појадокот за секој ден е ист: 1 овошје (портокал, круша, праска, било што освен грозје и банана).

 ПРВ ДЕН

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 200 мл јогурт.

Вечера: 2 домати или 200 мл доматен сос, 2 тврдо варени јајца, 2 двопеци, половинакраставица или малку зелена салата.

ВТОР ДЕН

Ручек: 1 портокал, 1 варено јајце, 1 чаша јогурт

Вечера: 125 г варено говедско, 1 домат, 1 двопек, 1 шолја кафе или чај без шеќер

ТРЕТ ДЕН

Ручек: 1 варено јајце, 1 портокал, 1 чаша јогурт, 1 краставица или малку зелена салата.

Вечера: 125 г варено говедско, 1 портокал, 1 двопек, 1 шолја чај или кафе без шеќер.

ЧЕТВРТ ДЕН

Ручек: 125 г кравјо сирење, 1 домат, 1 двопек

Вечера: исто како и претходниот ден.

ПЕТТИ ДЕН

Ручек: 200 г варено месо или риба, 1 домат, 1 двопек.

Вечера: половина килограм варен морков, компир или грашок.

Напомена: зеленчукот или месото варете ги без сол или користете сосем малку.

Направете пауза со шестиот и седмиот ден и продолжете со диетата осмиот ден.

Алкохолот во овој режим на исхрана е строго забранет. Срцевите болни мора да посетат кардиолог пред примена на оваа или било која друга диета.

Извор: https:skopje24.mk

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...