Почетна / Совети за здравје / Полека и внимателно со консумирање на алкохол!

Полека и внимателно со консумирање на алкохол!

Два – три жестоки пијалоци нема да ви штети на здравјето, но пијте паметно и внимателно избирајте со што ќе наздравите.

Посебните моменти како што се родендени, слави, крштевки, свадби не можат да поминат без чаша алкохол. Но бидете умерени, бидејќи големо количество на алкохол може негативно да влијае на плодност, ги забавува рефлексите и го оптоварува џигерот.

Алкохолот ги забавува рефлексите

Алкохолот е пред се неуро токсична супстанца кој оштетува централниот нервни систем. Конзумирање алкохол во големи количини доведува до еуфорија, што укажува на тоа дека првин изумираат инхибиторните невни клетки, кои се задолжени за самоконтрола. Потао настапува фаза на паѓање каде рефлексите отапуваат и доаѓа до намалување на видното поле.

Алкохолот негативно делува на плодноста

Алкохолот штетно делува на репродуктивните клетки. Кај мажот влијае на помало производство на квалитетна семената течност, додека кај жените јајниците и грлото на матката се повеќе подложни на воспаленија. Алкохолот исто така предизвикува хормонален дисбаланс помеѓу естроген и прогестерон и доведува до изоставување на овулација.

Чашка – две за здраво срце

До две чаши алкохолен пијалок дневно благотворно делува на кардиоваскуларен систем. Алкохолот го зголемува нивото на добар холестерол, а во исто време го намалува нивото на лош холестерол. Со самото тоа го намалува настанување на тромбоза и инфаркт и ги одржува срцевите артерии еластични. Меѓутоа, клучот за постигнувањето на вакви добри ефекти е умереност. Големи количества на алкохол во подолг временски период доведува до зголемување на ризикот од срцевите заболувања.

Алкохол, никако на празен желудник

Доколку пиете алкохол во мали количини го стимулирате лачењето на соковите во желудникот. Но, ако пиете често и многу, го предизвикувате создавањето на киселини во желудникот, која го оштетува ѕидот на желудникот и цревата и доведува до гастритис. Последицата на гастритис е погавното варење на храната, и сето тоа доведува до создавањето на чир во желудникот.

Клучот е во умереноста

Кога ни е студено, алкохолот може да не згрее бидејќи е подобрува периферната циркулација. Во умерени дози алкохолот подобрува протокот на крвта во крвните садови и спречува појава на тромбоза во нозете.

Триглицериди во полната чаша

Алкохолот има директно токсично дејство на џигерот. Го зголемува нивото на триглицеридите и создава ефект таканаречен замастен џигер. Во прв план алкохолот го оштетува џигерот во ниво на клетките, што доведува до цироза, а исто така потпомогнува создавање на тумор.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...