Почетна / Фитнес и аеробик / Покажете ги мускулите

Покажете ги мускулите

Сакате да имате убаво дефинирани мускули на рацете?  Веднаш почнете со вежби за раце за да имате силни бицепси и трицепси, а освен тоа, маиците на прерамки убаво ќе Ви седат. Надлактици кои висат и се тресат секако никој не сака да има.

Жените и мажите со секси надлактици делуваат како да ништо не им е тешко – храбро се борат во животот, носат на своите плеќи деца, куќа и кариера а и пред се, се дисциплинирани.

Доколку сте со просечна конституција и имате малку време најдобро би било да почнете вежби за раце. Доволно се околу 10 минути дневно, но мора да се работат постојано и упорно. При тоа секогаш требате да имате на ум, ако се опуштите, се ќе ви се опушти.

Пливањето, пилатес и секојдневните вежби несомнено помагаат, потврдуваат професионални тренери. Против опуштените надлактици помага единствено спорт!

За почетници – Наместете се во коса позиција, дланките поставете ги паралелно на крајот на масата во ширина на рамената. Исправете се, па тогаш, полека кревајте се и спуштајте се не движејќи ги надлактиците.

Згибови уз столица – наслонете се на ивицата на столицата а нозете испружете ги што е можно подолго. Зближете ги рацете, па спуштајте се додека лактовите Ви бидат во висина на рамената, а потоа поткренете се.

Развлекувајте ја траката – еластичната трака развлекувајте ја зад грбот. Левата рака полека кревајте ја додека не ја исправите, а потоа повторно свиткајте ја. Надлактицата во текот на вежбата останува блиско до увото. Сменете ја раката, па повторете ја вежбата.

Овие вежби за раце, работете ги двапати во неделата и тоа во три серии по 15 повторувања.

 

Проверете и

Што треба да се јаде пред и после вежбање

Доколку внимаваме на тежината и оджување на витката линија, некогаш исклучивото практикување на редовна физичка ...