Почетна / Здравје и исхрана / Подобрете ја дигестијата со овој напиток

Подобрете ја дигестијата со овој напиток

Чувството на подуеност во стомакот, нерегуларната и тврда столица се доста проблематична и непријатна појава. По празниците дури и зачестена појава поради обилната и тврда храна.
Доколку се соочувате со проблеми со варењето на храната ви го препорачуваме овој напиток кој сигурно ќе ви помогне во подобрување на работата на вашите црева и дигестијата.

Лененото семе со јогуртот е вистински благодет за нашиот организам како и за нашиот дигестивен тракт: го подобрува варењето, ги чисти цревата од штетните материи, го елиминира слузот, го забрува метаболизмот и ја омекнува тврдата столица. За таа намена се препорачува исклучиво мелен лен со јогурт како терапија кај тврда столица и при појава на хемороиди.

Препорака за употреба:

Наутро земете 1 лажичка ленено семе во 1 чаша од 200 мл јогурт или домашен ќефир и оставете ја во фридижер 1 час додека лененото семе пушти слуз во јогуртот.
Лененото семе треба да е е мелено со цел да се свари во вашиот организам.
Се  препорачува или свежо да го мелите или да купувате по помала количина пакувано мелено семе.
Семето препорачливо е да се чува на ладно и темно место со цел да остане свежо подолго.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...