Почетна / Совети за здравје / ПОДГОТВУВАЈТЕ ЗДРАВИ И ВКУСНИ СЕНДВИЧИ

ПОДГОТВУВАЈТЕ ЗДРАВИ И ВКУСНИ СЕНДВИЧИ

Сендвичите се дел од секојдневието и сите ние ги јадеме кога немаме многу време за готвење. Со здрави сендвичи нема да добиете празни калории, туку ќе добиете безброј протеини, витамини и минерали кои ќе Ви помогнат да не ги консумирате нездрави грицки. Она што е најдобро е дека вакви сендвичи воопшто не се тешки за подготовка.

Еве неколку совети како да уживате во здравиот сендвич:

Печиво/леб

Заобиколите ги белите печива и белиот леб. Изберете ги печивата кои во себе содржат цели житарки..

Месо

Саламите се најлошата опција и треба да ги избегнувате. Најдобрата опција е белото пилешко месо или месо од мисирка, тенки говедски шницли или филети од риба. За вегетаријанците но и за сите останати им се препорачува тофу сирење кое е богато со белковини и протеини.

Зеленчук

Зелена салата, доматi, краставици, пиперки, маслини, зелка, кромид … без оглед на тоа за што ќе се одлучите, вака ќе добите витамини без празни калории и премногу сол.

Здрави маснотии

Кога сите намерници ќе ги наредите, сендвичот испрскај го со малку маслиново масло и јаболковиот оцет. Добар извор на маснотии е и парче не премногу мрсно сирење, но без претерување

Зачини

Доколку не можете без вообичаените состојки во сендвичот, секако нема да згрешите доколку ставите малку кечап и кисели краставици. Сите сосови врз база на домат се добредојдени. Свежите краставици посебно се вкусни ако се врз нив нароси малку црна пипер.

Еве еден добар пример за подготовка на сендвич: 

1 пилешка шницла или шницла од мисирка

Малку маслиново масло

Малку јаболков оцет

Малку црна пипер

Две парчиња моцарела

Парче пиперка

Зелена салата

Печиво од цели житарки

Сите наведени намерници редете ги во печивото од цели житарки. Добар апетит!

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...