Почетна / Рецепти / Подгответе сами млеко од кокос

Подгответе сами млеко од кокос

Млекото од кокос е вкусна и хранлива напивка, одлична за утринскиот појадок, се користи во десертите и во козметиката.   

Цената на млекото од кокос е висока, а на амбалажата често се наоѓа списокот на непознати и неприродни називи. Конзерви со млеко од кокос, треба да ги заобиколувате, па затоа Ви предлагаме здраво и практично ″направи сам ″решение. Повкусно е од куповното млеко, поздраво и поевтино … Па тогаш почнете со подготовката, лесно е …

Потребно Ви е: 

  • 2 шолји органски кокос
  • 2 шолји топла ( не зовриена ) вода
  • 2 шолји вода со собна температура
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 2 лажици мед

Подготовка: 

  • Во големиот сад натопете го кокосот со жешка вода и оставете го поседи 20 минути.
  • Префрлете ја смесата во блендер, додадете ја преостанатата вода, ванилата и медот. Добро изматете.
  • Процедете низ газа.
  • Стакленото шише со млеко од кокос ставете го во фрижидер
  • Рок на траење 3 дена
  • Сервирајте и уживајте!

По ваша желба во млекото од кокос можете да додадете цимет, какао или мускатно оревче.

Доколку млекото од кокос сакате да го додавате во супи и јадења, Ви предлагаме да направете чисто млеко од кокос без екстракт од ванила и мед.

Кокос има разладувачка енергија, па затоа ова млеко или супа од кокос е вистински избор за жешките денови.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...