Почетна / Рецепти / Подгответе пица на поинаков начин

Подгответе пица на поинаков начин

Изворниот облик на пица е тенок леб кој е печен во рерна, претходно премачкан со КИМ кечап, сирење и други состојќи. Иако долго време не се смета за здрава храна, поради подлогата од бело брашно и сосевите кои содржат заситени масти, пица со мали измени може да биде здрава и хранлива вечера или ужина.

Пица со зеленчук       

Состојќи: тесто за пица, 400 милилитри КИМ кечап, една лажица маслиново масло, 1 лажица оригано, сол, црна пипер, еден кромид, 200 грама шампињони, 150 грама варена шунка, 200 грама рендана гауда.

Подготовкa: вклучете ја рерната на 220 степени. Тестото развлечете го во подмачканата тава и премачкајте го со кечап, маслиновото масло, оригано, сол, црна пипер. Измијте го и исчистете го кромидот и шампињоните и сечете ги на ситно. Шунката заедно со сирење, печурки и кромид редете ги на пицата. Печете 20 до 30 минути.

Пица со туна и кромид          

Состојќи: тесто за пица, еден кромид, 450 милилитри КИМ кечап, 200 грама туна од конзерва, 300 грама моцарела, 2 лажици маслиново масло.

Подготовка: Вклучете ја рерната на 220 степени. Исчистете го кромидот и сечете го на тенки ливчиња. Поделете го тестото на четири дела и развивајте ги на тенко. Туната исцедете ја од маслото и распоредувајте ја на тестото заедно со кечап, моцарела и кромидот. Наросете ја пицата со маслиново масло и печете ја околу 20 минути во загреаната рерна.

Преклопена пица (Kalcona) со брокули         

Состојќи: тесто за пица, 200 грама моцарела, 500 грама брокули, 200 милилитри КИМ кечап, 2 лажици масло.

Подготовка: Исцедете ја моцарела и разделете ја на помали парчиња и оставете ги во солена вода 3 минути, потоа исцедете ја моцарелата. Исчистете го кромидот и сечете го на ленти. Измешајте го кромидот со моцарела и брокула. Вклучете ја рерната на 220 степени. Развијте го тестото, половина тесто намачкајте со кечап и филувајте со зеленчук. Тестото без фил преклопете и добро затворете го. Премачкајте го тестото со масло и дупнете го со вилушка на неколу места. Печете ја преклопената пица 35 пинути.

Пица со пилешко месо        

Состојќи: Тесто за пица, 2 пилешки стека исечени на коцки, 1 црвена пиперка, 120 милилитри КИМ кечап, 200 грама сирење по Ваша желба, 2 лажици оригано, 7 ливчиња босилек, 1 лажица зачин за пилешко месо или некој друг зачин по Ваша желба.

Подготовка: Вклучете ја рерната на 220 степени. Тестото за пица развијте го и премачкајте со кечап, па редете ја исечената црвена пиперка. Исчистете го кромидот и сечкајте го на ситно, потао нанесете го кромидот на пицата и редете го пилешкото месо кое е сечено на коцки, па зачинете со зачин по ваша желба. Редете ги ливчиња оригано по пилешкото месо, потоа ставајте го сирењето, па потоа наросете го ориганото. Печете ја пицата во загреаната рерна 30 минути.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...