Почетна / Некатегоризирано / Победете ја жештината со летни освежителни безалкохолни коктели

Победете ја жештината со летни освежителни безалкохолни коктели

Со летото веќе на нашиот праг и тропските жештини со кои се соочуваме деновиве, освежете се во друштво на своите пријатели со безалкохолни летни коктели.
Веруваме дека веќе во вашиот фридижер имате повеќе овошје од било која друга намирница, поради тоа што во лето одлично е да преминете кон посвеж начин на исхрана за да се чувствувате подобро, а тоа воедно и да се одрази врз изгледот на вашата кожа, тело а и врз вашето здравје.

кивиииж
Коктел со лубеница, лимон и киви

Состојки: 
– 4 парчиња киви исечкани на коцки
– лажица кафеав шеќер
– неколку парчиња лубеница претходно исчистена од семки
– 1 исцеден лимон
– 500 мл вода

Подготовка: 

Кивите изблендирајте ги заедно со шеќерот. Ставете во замрзнувач 1-2 часа се додека не се замрзне содржината. Лубеницата изблендирајте ја индивидуално и измешајте ја со сокот од лимонот, додадете ја водата. Сервирајте го напитокот во чаша глазирана со малку шеќер и на средина од чашата со црпалка за сладолед ставете топче од замрзантите киви.

 825cfe71-9297-47f4-b0bd-5d6bf06491f6
Леден микс со малини

Состојки: 
– 1 чаша малини
– 1 лажица сок од лимон
– 300 мл сок од шумско овошје (малина, брусница, боровинка..)
– 300 мл изладен  чај од шумско овошје
– 100 мл газирана вода
– мраз
– листови мента или нане

Подготовка: 
Сите состојки се мешаат заедно. Свежите малини се додаваат цели во секоја индивидуална чаша.

Лимонада со меурчиња
Класичната лимонада заменете ја со нова пософистицирана верзија од обичната.
Измешајте обична газирана вода од 1.5 л со многу меурчиња , додадете сок од 1 лимета и 1 лимон. Додадете ливчиња ситно исецкана мента , мраз и малку шеќер.

fbe1d273-1969-43b6-8952-24be667ee0cf

Проверете и

Дизајнот на пакувањето помага да се продаде производот

Македонската асоцијација на преработувачи (МАП) презентираше модел на соработка меѓу компании од прехранбено-преработувачката индустрија пред ...