Почетна / Активен живот / Планината – пријател на нашето здравје

Планината – пријател на нашето здравје

Планинската клима во секое годишно време може да биде од корист за луѓе кои се исцрпени од работата, се под стрес или не се доволно физички активни. Планинската клима ја карактеризира исклучително чист воздух, пријатно сончево зрачење, низок барометарски притисок, и што е многу битно, високо ниво на кислород и голем број на позитивни и негативни јони кои даваат енергија на клетките, го подобруваат имунитетот и можат дури да го продолжат животниот век. Планината им одговара и на луѓе со кардиоваскуларни заболувања бидејќи им се олеснува работата на срцето, во исто време и дишењето, се забрзува метаболизмот, а со самото тоа и се намалуваат килограмите. Потребен Ви е одмор, сакате да ја исфрлите негативната енергија и да се наполните со позитивна енергија и позитивни размислувања. Тогаш идеално место за Вас е планина.

Придобивки од планинарењето

Со пешачењето и качувањето по планина се зајакнуваат мускулите на целото тело, а посебно нозете и се подобрува подвижноста на зглобовите.

Го подобрува имуниот систем, пред сè способноста на организмот да се одбрани од различни инфективни заболувања.

Позитивно делува на работата на срцето и крвотокот и го подобрува транспортот и снабдувањето на крвта со кислород.

Ја подобрува размената на материите во организмот, и без посебен режим на исхрана ги намалува маснотиите во телото и така се намалува телесната тежина.

Релаксира, ослободува од стрес, ги поттикнува позитивните емоции и ја крева самодовербата.

На крај, ама и најдобро чувство кое останува и после исколната цел, тоа е наградата за нашиот труд и упорност со која сме дошле до врвот. Чувството на успех е нешто што ќе ни даде сила при враќањето во град и на работно место полесно да се носиме со обврските и проблемите, а успешно сработената работа ќе ни биде уште еден освоен врв.

 

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...