Почетна / Совети за здравје / Пивски квасец – извонреден пријател на нашето здравје

Пивски квасец – извонреден пријател на нашето здравје

Квасецот не е само една од најважните состојќи во подготовката на леб и печива, туку е извонредно здрав и богат со многубројни витамини и минерали. Го подобрува варењето, ја негува косата и ноктите и има позитивно влијание на имунолошкиот систем.

Квасецот обилува со витамини од Б групата а тоа се витамин Б1, Б2, Б5, Б6, Б12 и други. Само еден грам повски квасец во себе содржи 150 микрограми тиамин, односно витамин Б1, 50 микрограми фибофлавин, односно Б2 и 400 микрограми ниацин, односно витамин Б3. Поред овие наведени количини во пивскиот квасец се наога 40 микрограми пиридоксин, односно Б6, 100 микрограма пантотенска киселина, односно Б5, 1,25 микрограми биотин, 3.35 микрограми колин, 4.4 милиграми инозитол и 5 грама фолна киселина.

Пивскиот квасец е богат и со многубројни минерали како што се железо, манган, натриум, калциум, цинк, калиум, бакар, магнезиум.

Исто така во квасецот се наога и селен кој преставува еден од најпознатите антиоксиданси кој ги штити клетките и ткивото од слободните радикали. Селен делува како стимуланс за имунолошкиот систем така што го стимулира производство на антитела во организмот.

Против стрес  

Благодарение на големото количество на минерали и олигоелементи кои се неопходни за нормалното функционирање на сите процеси во организмот, пивскиот квасец преставува извонреден додаток во природната исхрана. Поред витамините од Б групата, минералите преставуваат важни превентивни елементи против стресот (магнезиум), остепороза(калциум), анемија(железо) и други заболувања. Во пивскиот квасец се застапени и јагленохидрати и тоа воглавно сложените шеќери кои можат да се користат во исхраната на дијабетичари. Пивскиот квасец може да ги намали многубројните компликации кои настануваат како последица од шеќерната болест (дијабетес).

Го регулира холестеролот   

Поред хранливата има и голема диететска вредност па се користи во диетотерапија на многубројни заболувања: во лекувањето на бактериските и габични инфекции на кожата, во лекувањето на органите за варење и во терапија на воспалението на џигерот и жолчните канали. Ги регулира предменструалните и климактерични тегоби. Како природен регулатор на холестерол, најефикасен е во комбинација со мед и јаболковиот оцет (по една супена лажица). Суви пивски квасец е и природен антибиотик – ги контролира бактериите кои би можеле да бидат штетни за организам, а во исто време ги потикнува бактериите кои се корисни за доброто работење на цревата.

Во служба на убавина

Квасецот го има најдено местото и во козметиката, поради своето позитивно и лековито делување на кожата. Тој помага во војната против акни, егземи и инфекции на кожата. Исто така ги зајакнува забите и косата и ноктите.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...