Почетна / Рецепти / Питулици – македонски специјалитет со долга традиција

Питулици – македонски специјалитет со долга традиција

Кога ќе споменеме питулици  на што ве асоцира поимот?
Не, сигурно не станува збор за палачинки!

Овој специјaлитет е карактеристичен за Демирхисарско-Битолскиот крај, а во многу домови  е задолжителен дел од бадниковата посна трпеза.

Интересен податок за сите наши читатели: овој специјалитет не содржи ниту една состојка од животинско потекло, вегански е, а не содржи ниту вештачки додатоци, туку ова е уште еден стар рецепт кој ќе ве збуни со својата едноставност и ќе ве воодушеви со богатиот вкус.
Одличен е во блага или солена верзија, а толку е едноставен што без многу трошоци можете за своите гости да приготвите вкусен традиционален специјалитет.

Нашите баби кои живееле во повеќе члени семејства во минато не можеле да си обезбедат доволно храна, поретко консумирале месо, а многу често и постеле. Питулиците често биле на нивната трпеза, а момата која можела да направи мазници и питулици важела за голема домаќинка.vipro-marmalad
Еве како се приготвуваат:
Со рачна мешалка се мешаат постепено 300гр. брашно со 200мл обична вода (додадете по потреба и повеќе доколку смесата е густа). Доколку сакате питулиците да бидат помеки додадете 1 лажичка шеќер и лажичка крупна сол. Оваа количина е доволна за 30тина питулици, доколку сакате поголема количина како таа што ја приготвивме додавајте брашно и вода по потреба и мешајте ја смесата со мешалка избегнувајќи формирање на грутчиња. Доколку ви се појават грутчиња користете миксер. Смесата не смее да биде премногу густа затоа што питулиците кои ќе ги направите ќе бидат дебели и нема да го имаат посакуваниот шмек.
Смесата се остава да отстои 30 минути пред да започнете да ја правите првата количина.

Во тавче за палачинки намрсете ја површината со четка со масло малку и со лажица црпалка нанесете од смесата  рамномерно. Печете на средна температура. Кога ќе се одделат краевите од питулицата од тавчето превртете ја и печете од другата страна. Готова е кога веќе не е леплива.

Разликата помеѓу палачинките и питулиците е белата боја на питулиците, за разлика од палачинките кои се жолти. Питулиците се посни, и немаат потреба од користење на многу мастрав за подготовка.
Ние приготвивме две верзии една за љубителите на солено и една за љубителите на благо.
Посната верзија односно оригиналниот рецепт за питулиците вклучува потурање на приготвените питулици со толчен лук со млака вода и масло и потпекување во рерна, но еве и една варијација – питулици со мешавина од сирење и изварка.
pitulitsi
Солените палачинки се редат една врз друга во тепсија, секој ред на питулици се потура со ред од сирењето, и тоа се прави се додека не се наредат сите во тепсијата. нааредените питулици се сечат на парчиња и се потпекуваат.

Благите палачинки ги намачкавме со Vipro мармелад од сливи. Одлично одговараат во оваа комбинација 😀 
Ние би можеле да издвоиме фаворит, затоа што пробавме и уживавме и во двете верзии на овој наш вкусен специјалитет.

Што вие би избрале- блага или солена верзија?

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...