Почетна / Здравје и исхрана / Пита со кисела зелка

Пита со кисела зелка

Еден од највкусните традиционални рецепти е питата со кисела зелка
Овој рецепт покрај тоа што е многу вкусен е и посен и лесен за подготовка.
Доколку не знаете да сучите кори можете да ги набавите од најблиската продавница, колку се посвежи корите толку поубаво ќе изгледа питата.

Потребни состојки:
– кори за пита
-500 гр.  исецкана кисела зелка од Випро
– главица ситно исецкан кромид
– 300 ml. кисела вода
– неколку лажици масло
– сол и бибер

Подготовка:
Кромидот исекајте го ситно и додадете го во тавче со малку масло.
Додадете малку вода со цел кромидот да омекне. Откако ќе започне да се пржи и добие светло кафеава боја, додадете ја зелката и пржете додека не биде готово. Додадете сол и бибер, доколку сакате можете и црвен бибер за малку боја.

Во тава за печење наредете кора по кора. Првата кора се прска со масло и малку газирана вода. Се става врз неа втора кора и се повторува постапката . Врз втората кора се става дел од смесата. Врз кората со фил се става повторно уште една кора и корите се виткаат во форма на полжав или пак се редат како ролати во правоаголна тава за печење.
Постапката се повторува се додека не се потроши смесата.
Се пече во претходно загреана рерна околу 40 минути, односно се додека не изгледа дека е готова.
Питата се покрива со крпа околу 15 минути и потоа се вади од тавата и се префрла во друг сад.

Доколку сакате да ја чувате, завиткајте ја во најлонска фолија, но ветуваме дека вкусна е толку што ќе мора да направите и репете 🙂

На здравје!

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...