Почетна / Активен живот / Пишувајте дневник, здраво е !

Пишувајте дневник, здраво е !

Секојдневното пишување на најдобрите чувства и емоции на лист хартија го подобрува психичкото и физичкото здравје на луѓето, покажаа истражувањата кои научниците ги спроведоа меѓу пациентите заболени од рак.

Земете тетратка и молив

Водењето на дневник овозможува едноставно и евтино надминување на психичките блокади и растеретување од насобраниот стрес. Кога ќе се одлучите да пишувате, земете тетратка и молив. Научниците потврдуваат дека пишување дневник помага во ослободување на потиснатите емоции и последица на трауми од минатото.

Пишувајте во трето лице

Набљудувајте се себеси, Вашите реакции и однесување во секоја ситуација. Запишете ги Вашите забелешки и видувања. Подобро е да пишувате за себе во трето лице за да не се поистоветувате со негативните чувства и доживувања.

Исфрлете ја негативноста

Доколку имате проблем со одредена личност на која не можете да и кажете Вашите мислење, напишете и писмо. Напишете се што Ве мачи и се што чувствувате кон неа. Писмото секако не мора да го пратите на таа личност, но ќе се чувствувате многу подобро.

Не размислувајте за правописот

Не обрнувајте внимание на конструкцијата на реченицата и правописот. Битно е да бидете потполно искрени кон себе си. Затоа никогаш и на никој не го покажувајте Вашиот дневник

Проверете и

Жито Маркети е нов Трговски Партнер на Lyoness во Македонија

Успешниот македонски ланец Жито Маркети стана нов Cashback Card партнер на интернационалната Куповна Заедница Lyoness. ...