Почетна / Здравје и исхрана / Пиперка – ниско калорична кралица на салатите

Пиперка – ниско калорична кралица на салатите

Пиперката потекнува од Јужна Америка. Шпанците во Европа ја имаат донесено во 15. век, од каде се има раширено се до Турска, а денес најмногу се одгледува во Унгарија. Во народната медицина со векови се користела како лековито средство, посебно за зајакнување на имунитетот. Освен што штити од бројните болести на денешното време, го подобрува апетитот и го поттикнува работењето на желудникот, затоа што го засилува лачењето на соковите во желудникот.

Енергетска вредност на свежата црвена пиперка износува само 20 кал на 100 грама, а нејзината најважна карактеристика е богатство со витамини и минерали. Пиперката е еден од најдобрите извори на витамин Ц, а содржи дури 4 пати повеќе витамин Ц од портокалот. Воедно е добар извор на витамин Б1, Б2 и Б6, витамин Е и прехрамбени влакна. Витаминот А присутен е  во облик на провитамин – бета каротен кој во телото по потреба се претвора во витамин А. Од минерали пиперката е најбогата со калиум, фосфор и железо.

Црвената пиперка е концентриран извор на каротеноиди кои се одговорни за убава црвена боја, но и силно антиоксидативно делување. Докажано е да ликопенот и бета-криптоксантин од пиперката поволно делува на здравјето на срцето и белите дробови, додека лутеинот и зеаксантинот се важни за здравјето на очите.

Пиперките се еден од ретките намирници кои се концентриран извор на ликопен. Се верува дека овој каротеноид игра важна улога во превенција на болестите на срцето и крвните садови и со својата способност спречува оксидација на ЛДЛ холестерол. Пиперките се исто така добар извор на калиум, минерал кој е важен за одржување на нормалните вредности на крвниот притисок.    .

Бидејќи припаѓа во медитеранска кујна, пиперката одлично оди со маслиново масло, кромид, лук, патлиџан, домати, тиквички, туна, сардели. Кисела или печена пиперка одлично одговара во салатите или ладни предјадења, а може уште да и се додаде маслиново масло и медитеранските зачини. На тој начин дополнително се збогатува нутритивната вредност а со додаток на масло на организмот му се дава на располагање билни пигменти.

Иако со конзервирањето се губи дел од нутриентите, посебно витаминот Ц, и конзервираните пиперки можат да се сметат како извор на витамини, минерали и билни хемикалии кој ги содржат свежите плодови.

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...