Почетна / Рецепти / Пилешко со брокула во сос

Пилешко со брокула во сос

Недела – ден кога семејството најчесто е на број е совршен ден за семеен ручек.
Кога динамичното време не издвојува во секојдневиот добро е кога во малите нешта може да се ужива со голема љубов, а со кој не ако не со семејството на број.

Денешниот рецепт е исклучок од најздравите видови на рецепти кои би можеле да ви ги понудиме, но
затоа што е наменет за повремено уживање- тогаш и ниесме спремни на правење на исклучоци.

Пилешко во сос со брокули

– ориз
– пилешки гради
– свежа брокула
– неутрална павлака за готвење
– 3 лажици топено крем сирење
– магдонос
– кари
– млад кромид
– зачин лук
– сол и црн бибер

Подготовка

Пилешкото месо се вари, се сече на лентички. На оган се пропржува малдото кромидче и во него се додава претходно обарена брокула исецкана на парчиња (помали парчиња), таа се пропржува кратко. Се додава месото и се зачинува со наведените зачини. Откако ќе добие малку боја месото се додава нетралната павлака и се готви уште 5 минути. пред самиот крај се додава топеното сирење и магдоносот. Се меша убаво и се послужува со претходно сварен и добро исцеден ориз. Се јаде додека е топло.

Сликите се во сопственост на поратлот Здравје и Храна за споделување потребна е дозвола од порталот
Сликите се во авторска сопственост на поратлот Здравје и Храна за споделување потребна е дозвола од порталот

Проверете и

Овесна каша со банана и кикири- вкусен и здрав појадок за целото семејство

Размислувате ли каков оброк да подготвите за следното утро? Ви препорачуваме да подготвите овесна каша ...