Почетна / Рецепти / Пикантните бамји

Пикантните бамји

Сочно и вкусно, здраво и со малку месо, ова јадење се претвора во вистинска гозба и храна за душа!

Состојки

  • 200 грама бамја
  • 100 грама сланина панчета
  • Кромид
  • 3 чешниња лук
  • 5 лути пиперки
  • 30 грама путер
  • 2 децилитри вода
  • Црна пипер во зрно
  • 1 мала лажица сол
  • Масло

Во поголемо тепсија згрејте го маслото и путерот на умерен оган. Додадете ја исечканата сланина и пржете ја околу пет минути. Кога сланината ќе ја добие румена боја, додадете го ситно исечканиот кромид и лук, пиперките и бамјите кои се сечени на тркалца. Прелејте со две децилитри вода, мешајте со дрвена лажица и пржете десет минути. Потоа додадете сол и пипер. Почекајте да поврие па намалете го огнот на минимум и оставете да крчка уште 25 минути, со повремено мешање.

Совет   
Бамјите ќе бидат повкусни доколку ги подготвувате свежи, штом ќе ги купите од пазарот.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...