Почетна / Рецепти / Пикантен рижото: Богато јадење од ориз и зеленчук на три начини

Пикантен рижото: Богато јадење од ориз и зеленчук на три начини

Рижото секогаш е добро дојден како прилог со различни јадења, но може да биде и комплетен оброк. Еве неколку идеи за фантастични јадења кои можете брзо и лесно да ги подготвите.

РИЖОТО ОД ДОМАТ

Потребно е:  

200 грама ориз, 200 грама домати, 20 грама путер, малку сол, магдонос

Подготовка:

На путер пропржете го претходно измиениот ориз, со постапно додавање на вода. Кога на пола е испржен, додадете малку сечкан домат и пржете го уште малку. Пред крај зачинете го и додадете го сечканиот магдонос. Ова јадење може да служите и ладно

РИЖОТО СО ТИКВИЧКИ И СЛАНИНА

Потребно е :

250 грама ориз, една поголема тиквичка, еден поголем морков, 1 кромид, малку масло, 100 грама сланина, супа од зеленчук, вегета, сол, пипер, магдонос.

Подготовка:  

Тиквичката сечете ја на коцки. Кромидот и морковот кои претходно ситно ги исечкавте, кратко пржете ги па додадете малку супа од зеленчук и оставете малку да проврие. Кога тиквичките ќе бидат меки, додадете го оризот и уште супа од зеленчук па оставете уште малку да се свари. Сланината сечкајте ја на коцки и кратко испржете ја во тавата без додавање на масло, па кога ќе поруменат додадете ги во рижотото. Додадете вегета, сол и пипер по вкус и со постојано мешање и додавање на преостанатата супа од зеленчук па варете додека оризот не омекне.

ОРИЗ СО ЗЕЛЕНЧУК

Потребно е:  

Поголема шолја ориз, кромид, еден морков, една пиперка, 200 грама боранија, сечкан магдонос, сув билни зачин, 3 шолји вода, 2 лажици путер, лажица маслиново масло, сол, пипер.

Подготовка:

Сечете го кромидот и морковот на коцки и пржете ги на путерот и додадено маслиново масло. Додадете ја сечканата пиперка, сув билен зачин, сол, пипер и уште малку пржете. Додадете го ориз и водата и варете на тивок оган 20 минути. Пред крај додадете сечканиот магдонос.

 

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...