Почетна / Рецепти / Пет идеи за брзи јадења од тестенини

Пет идеи за брзи јадења од тестенини

Некои работи за кои немаме време можеме да ги направиме брзо и поедноставно, како и спремањето на вечера за време на работните денови. Ние ви нудиме неколку решенија што ќе ви погонат јадењата од тестенини да ги направите само за неколку минути.

Готов сос

Секако дека сите сакаме домашен сос. Но, за тоа треба време. Зошто некој пат не би пробале да готвите со готов сос? Зачинете ги тестенините со малку лук, зачински и по желба додајте малку лута пиперка. Со тие додатоци повторно имате сос кој вие сте го направиле.

Creamy-Pasta-in-Tuna-Marinara-Sauce

Кори за лазањи

Ако сеуште не сте знаеле дека постојат кори за лазањи кои не мора да се варат, овој совет ќе ви биде од корист. Не само што ќе заштедите време со тоа што нема да чекате водата да зоврие а тестенините да се сварат, туку вие за неколку минути ќе имате готов ручек. Доволно е само да зачинете по желба и да сервирате.

Цедење на тестенините

После варењето на тестенините, нема потреба да ги цедите. Освен тоа, доколку ве види некој професионален кувар дека го правите тоа, ќе се шокира. Едноставно, после варење веднаш ставете ги во некој сад, ставете некој кремаст сос кој ќе ги згусне и ќе го пдобри нивниот вкус.

Запечени тестенини со сланина и сирење

Ако тестенините ги спремате со сланина и сирење, ќе заштедите барем 30 минути доколку ги готвите во шпорет наместо во рерна.

Сос од домати

Немате готов сос од домати, а не сакате да губите време за негово припремање? Нема ништо полесно. Прескокнете го варењето и направете тестенини со свеж зеленчук. Сечканите домати измешајте ги со малку лук во прав, босилек и маслиново масло. Нема да се разочарате, затоа што вкусот е потполно нов, а хранливите материи се зачивани.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...