Почетна / Совети за здравје / Пешачење, активност за сите старосни групи

Пешачење, активност за сите старосни групи

Постојат разни облици на рекреација ( вежбање во група, индивидуална физичка активност, водени спортови ) но најприродната активност и најзастапена е рекреацијата пешачење. Пешачењето се препорачува во секое време и на секое место, било да станува збор за одмор, излет, во текот на работна недела. Пешачењето ги подобрува физичките способности и општата здравствена состојба, па затоа пораката е секогаш иста – движете се што почесто.

Еве ги правилата за правилниот начин на практикување на оваа активност

Се препорачува пешачење по земјани патеки или по трева, и избегнувајте пешачење по бетон, особено, доколку имате вишок на килограми.

Пешачење на отворен простор не се препорачува на екстремно високи или ниски температури.

Патиките се идеална обувка за пешачење бидејќи овозможуваат помек контакт со подлогата.

Интезитетот на пешачење треба да биде во согласност со моменталната состојба на организмот. Доколку имате проблем со вишокот на килограми најдобри се прошетки на подолго растојание со среден интензитет.

Доколку сметате дека од пешачење треба да премините на трчање, за да потрошите поголем број на калории, не значи дека сте во право. Со започнување на трчање ќе бидат оптоварени зглобовите, а тоа има особено негативно влијание врз лица кои се со полоша кондиција. Значи, далеку подобар избор е брзото одење, со колку што е можно поголем интензитет, па потоа да се премине на трчање на кратки патеки.

Препораки

  1. Доколку се одлучите за пешачење или трчање најважна опрема се патиките
  2. Доколку Ви се укажи можност да пешачете по трева или песок, соблечете се боси, бидејќи електричното празнење помеѓу стапалата и земјата има позитивно дејство врз здравјето.
  3. Пешачењето во природа ја активира комплетната мускулатура и има позитивно дејство врз психата.
  4. Лицата кои се во добра физичка кондиција и на кои по пешачењето им е добредојдено лесно трчање, треба да знаат дека во првите 30 минути трчање, енергијата ја трошиме од шеќерот, а по изминувањето на тие 30 минути од мастите. За да се ослободите од целулитот пожелно е да трчате подолго од 45 минути со среден интензитет.

 

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...