Почетна / Здравје и исхрана / ПЕЧУРКА БУКОВКА – ЕЛИКСИР НА ЗДРАВЈЕТО (Pleurotus ostreatus)

ПЕЧУРКА БУКОВКА – ЕЛИКСИР НА ЗДРАВЈЕТО (Pleurotus ostreatus)

Буковката е извонредно вкусна печурка која можеме да ја најдеме во природата, но можеме исто така успешно да ја одгледуваме. Во светот буковката е позната по име шумска острига.

Во текот на зимата нашиот имунитет е загрозен. Се јавува анемија, покачен холестерол и триглицериди, лумбаго и укоченост на екстремитетите. Природата токму во тоа време ни подарува печурки кои како диететски додаток  ќе ни помогнат да ги намалиме или да ги отстраниме наведените проблеми.

Буковката содржи есенцијални аминокиселини, витамини Б1, Б2, Б5, Б6, Б7, витамин П и безброј минерали. Протеините од буковката по свој состав се слични на животинскте. Поред тоа содржат и голем процент ја јагленохидрати и само околу 4% масти.

Главните носители кај печурките се сложените шеќери – полисахариди. Меѓу нив, најважен е Бета глукан кој токму се наоѓа во буковката. Тој помага во намалувањето на нивото на холестерол и триглицериди. Доколку осушената буковка се додава во количество од 4% од вкупната дневна исхрана, нивото на холестерол за 2 месеци ќе се намали за 65-80 %.

Буковка

Антиканцерогена активност на Бета глуканот е извонредно силна. Таа се рефлектира на стопирањето на растот на туморот, било да се користи буковката како таква или како екстракт (препарат во кој е содржан овој сахарид). Дозата од 0,1 mg/kg до 0,2 mg/kg Бета глукан покажува извонредно значаен ефект на повлекувањето на туморот.

Стимулирањето на имуниот систем со посредство на Бета глукан како помошно средство при користењето на одредена терапија знатно го скратува време на болеста и дава многу повеќе шанси за закрепнување.

Во Кина каде што е опишана уште во Династијата Сунг (420-479), се користи за намалување на болките и за релаксација на мускулите. Поред тоа, се употребува и во лекување на лумбаго, укоченоста на екстремитетите и тетивите, како и за лекувањето на лошата циркулација. Препорачана доза за лекување е 3 – 9 грама буковка во текот на денот.

На крај може да се заклучи дека буковката е драгоцена печурка за исхрана и како помошно лековито средство за одредени болести. Било да користете она која е одгледувана или уживајќи во природа да одите сами во потрага за шумската острига, секако е дека за себе ќе направете најдобро.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...