Почетна / Рецепти / Печено пиле со зеленчук

Печено пиле со зеленчук

Пиле во комбинација со зеленчук е вистински избор за семеен ручек!

Состојки потребни за 4 лица:

  • Пиле ( 1, 8 килограми )
  • 50 грама кромид
  • 500 грама компири
  • 500 грама моркови
  • 100 грама целер
  • Лимон
  • Гранче рузмарин
  • 3 – 4 гранчиња мајчина душичка
  • Сол, пипер, црвена пипер

Подготовка:  

Загрејте ја рерната на 180 степени. Испржете на кратко кромид. Сечете ги компирите на пола, морковите исечете ги на стапчиња, а целерот на коцки. Пилето намачкајте го со сол и пипер.

Ставете го пилето во подмачкана тепсија, додадете вода и ставете во рерна да се печи 1,5 час со вртење.

После половина час додадете компир, морков, целер и лимон исечен на парчиња. Измијте ги зачинските билки и ставете ги на пилето. Во текот на печењето додавајте вода по потреба.

Време на подготовка: 120 минути.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...