Почетна / Рецепти / Печени макарони со јогурт

Печени макарони со јогурт

Изненадете ги вашите најмили и покажете им кој е вистински господар во кујната…

Состојки:

  • 400 гр макарони
  • 1 литар јогурт Balans +
  • 3 jaјца
  • 2 лажици маслиново масло
  • малку сол

Подготовка:

1.  Измешајте ги јогуртот, јајцата, сировите макарони и солта. Намазете ја со зејтин огноотпорната чинија и сипајте ја смесата.
2. Ако е потребно додадете уште јогурт за макароните да нараснат. Ставете ги во загреана рерна на 200°C и печете додека поруменат.
3. Се служи топло, по желба со кечап и додаток кисело млеко.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...