Почетна / Совети за здравје / Пченката како лек: Против алцхајмер, анемија, депресија и проблемите со бешика

Пченката како лек: Против алцхајмер, анемија, депресија и проблемите со бешика

Од пченката се произведува масло кое се препорачува кај прогресивната артериосклероза затоа што го намалува нивото на холестеролот и доволно е секојдневно да изедете 20 грама како додаток во редовната исхрана.

Следниот пат кога ќе ја консумирате, имајте на ум дека не е само вкусна туку е и одлична за здравјето. Пченката е богата со влакна и од неа се производи масло со висок квалитет кое е богато со витамин А, Ц и Е како и со незаситени масни киселини.

Малку калории, многу здравје

Од пченката се произведува масло кое се препорачува кај прогресивна артериосклероза затоа што го намалува нивото на холестерол и доволно е секојдневно да изедете 20 грама како додаток во редовната исхрана. Иако во пченката можеме да уживаме во текот на целата година, она која се јаде со почетокот на есента содржи најмногу хранливи материи.

Се мисли дека свежото овошје и зеленчук е поздраво од вареното, но тоа не се однесува на пченката! Американските истражувачи откриле дека при термичката обработка на пченката, варење или печење, доаѓа до ослободување на молекулот со антиоксидативна активност, што ја зголемува неговата заштитна моќ. Еден кочан содржи околу 10% диетални влакна кои го регулираат нивото на холестеролот и го намалува ризикот од срцевите заболувања.

Пченката и печивата од пченкарното брашно позитивно влијае на здравјето кога станува збор за Алцхајмер, анемија, бронхитис, депресија, дијабетес, пореметување на метаболизмот, неплодноста, остеопорозата, реумата, намалениот апетит, заболување на срцето, проблеми со бешиката, мочните канали и бубрезите.

Како и другото жолто и зелено овошје и зеленчук, пченката е добар извор на лутеин и зеаксантин, единениа кои помагаат во одржување на здравјето на очите додека старееме.

Нутритивните вредности на пченката: јаглените хидрати – 82%, масти – 10%, белковини  – 8%.   

Било да ја користиме како житарка или зеленчук, додека уживаме во нејзиниот вкус, организмот ќе го наполниме со енергија и ќе го заштитиме од вирусите.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...