Почетна / Совети за здравје / Пченица – природен извор на здравје и виталност

Пченица – природен извор на здравје и виталност

Пченица е древна житарка, се смета дека потекнува од југозападна Азија, а најстарите археолошки наоди за одгледувањето на пченката доаѓаат од Турска.

Пченица е богата со комплекс од Б витамини и со витамин Е. Од минерали содржи калциум, фосфор, железо и калиум, а богата е со протеини и со влакна. Од пченица освен брашно се добиваат и пченични никулци. При ртењето количество на минерали и витамини во зрното повеќекратно се зголемува.

Пченичните никулци

Никулците од пченица содржат 700 пати повеќе магнезиум кој е важен како поткрепа на имунитетот, пет пати повеќе калциум и дури 12 пати повеќе фосфор. Посебно им се препорачува на бремените жени, спортистите и во лекувањето на депресија.

11312781_416361291869805_293238364353485734_o

Истребете и измијте една шоља пченица. Пченката потоа ставете ја во голема тегла со вода и преку отворот на теглата се става газа која се затегнува со ластика. Оставете ја теглата во темно место да преноќи на температура не повисока од 23 степени. Наредниот ден исцедете ја водата низ газата така да пченката ја задржи влажноста, но да не остане во водата. Теглата наместете ја водоравно, а пченката распоредете ја да биде во што е можно потенок слој. Секојдневно мијте ја пченката 2-3 пати и секој пат добро исцедете ја водата низ газа. После два-три дена никулците ќе пораснат 5-15 милиметри и тогаш се најдобри за употреба. Никулците можете да ги додавате во чорби, салати, сендвичи.

Храна како што е леб, крекери, печива, колачи, тестенини – се само неколку вообичаени примери за извор на пченица. Пченица Ви дава огромен извор на енергија, вклучувајќи ги триците, никулците и ендоспем. Вредноста на хранливите вредности од пченката се задржува и по преработна на врно во брашно. Мегутоа доколку сакате да искористите максимална корист од производите од пченка Ви препорачуваме да изберете производиод пченка кои се направени од интегрално брашно.

Проверете и

Јагодите се убавина и здравје

Јагоди – здравствени придобивки Јагодите се богати со витамин Ц, каротен, фолна киселина и железо. ...