Почетна / Здравје и исхрана / Патна аптека- како да се грижите за своето здравје за време на патување?

Патна аптека- како да се грижите за своето здравје за време на патување?


На секое патување треба да сме добро подготвени и една од клучните компоненти е нашата лична патна аптека. Често може да не изненади некој здравствен проблем и подготвеноста е особено важна кога се патува со целото семејство или во случај на бременост.

12650826_10153349780558862_8016480191091808532_n
Пробиотици и дигестивни проблеми
Улогата на цревата е директно поврзана со оптималниот состав на бактериската флора во нив. Здравата флора во цревата, го стимулира имунолошкиот систем и обезбедува заштита од акутни и хронични проблеми. Ако во цревата се најдат патолошки бактерии, се зголемува иритација на цревата, а во исто време се ослабува и имунолошкиот систем. Поради различни услови на животната средина и квалитетот на водата и храната, инфекциите од патогени микроорганизми се особено чести при патување. Резултатот е слабост, патничка дијареа и паднат имунолошки систем. За спречување и како дел од терапијата со ре-хидратација се препорачува терапија со пробиотици.

70000
Најчесто се користат пробиотици кои содржат млечно-киселински бактерии од родот лактобацилус и бифидобактерии. По земањето, тие поминуваат низ стомакот и цревната слузница каде спречуваат врзување на патогени микроорганизми. Така се спречува нивниот раст, се стимулира имунолошкиот систем и активноста на постојната микрофлора, се инхибира производството на токсини и се влијае на целиот “екосистем” на стомакот. Клучен елемент за квалитет на пробиотските производи е содржината на повеќе од 4 милијарди пробиотски микроорганизми, особено од видот на лактобацилуси и бифидобактерии, ентерично обложена капсула имешавина на различни корисни видови на пробиотици во комбинација со пребиотик, за да се поттикне нивната репродукција.

Аcidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.
Screenshot_4

Инфекции на уринарниот тракт

Инфекција на уринарниот тракт е заеднички проблем на луѓето од сите генерации и претставува навлегување на микроорганизми во уринарниот тракт, каде што се размножуваат и предизвикуваат воспаление. Најчесто бактериите се оние кои предизвикуваат инфекции на гастроинтестиналниот тракт, меѓу кои најдоминантна е Escherichia coli (E. coli). Кај жените има чести инфекции на уринарниот тракт, бидејќи уретрата и анусот се многу блиску. Нешто повеќе, овие проблеми се присутни во топлите, летни месеци, како резултат на помал внес на вода за пиењепри повисоки температури, почести сексуални односи, мокрење во море, езера… Типични симптоми се пецкање при мокрење, често мокрење, болка во долниот дел на стомакот и миризлива, матна урина.

Многу ефикасна природна помош при воспаление на уринарниот тракт претставува брусницата. Плодовите содржат проантоцијанидини кои го попречуваат врзувањето на уропатогените бактерии (особено E. coli) во ткивото на мочниот меур и уретрата. Тие делуваат за промена на обликот на површината на бактериите и ги спречуваат да се поврзани со ткивото на уринарниот тракт. Така, бактеријата плови слободно и со урината се исфрла од телото. Исто така се препорачува да се пие доволно вода (прибл. 2 l / ден).
crannn
CranberryCaps е концентрат од брусница од водечката фирма за суплементи на природна основа NOW FOODS и е најмоќна достапна брусница на пазарот со максимална концентрација на брусница во својот состав – 700 mg (8:1) што е еднакво на 5600 mg свежа брусница.

Исто така, речиси непозната кај нас, Д-манозата е производ број 1 за третман на уринарни инфекции во светот. Доколку страдате од чести инфекции на уринарниот тракт и мочниот меур, пиете антибиотици, но инфекциите се повторуваат, а увинот чај не помага, тогаш Д-манозата може да биде вистинското решение за вас.
Секоја година милиони луѓе – главно жени – страдаат од инфекции на уринарниот тракт.90% од овие инфекции се предизвикани од бактеријата E. coli.Escherichia coli всушност не е “лоша” бактерија, бидејќи природно живее во цревата на луѓето. Меѓутоа, кога E. coli од гастроинтестиналниот тракт ќе влезе во мочните канали,се јавуваат проблеми.Бактеријата се шири и предизвикува непријатни симптоми како што се често мокрење, печење по мокрење, болка во стомакот итн.Во повеќето случаи, лекарот ќе ви препише антибиотска терапија. За жал, антибиотиците не се безопасни и имаат лошо влијание врз здравјето на цревната флора, бидејќи ги убиваат и добрите бактерии.Покрај тоа, прекумерната употреба на антибиотици може да предизвика мутација на бактериите, создавајќи нови видови, отпори на антибиотици.Често, по терапијата со антибиотици, инфекцијата се враќа и се создава еден магичен круг на земање лекови.
Ова е причината зошто се повеќе луѓе се во потрага по природни начини за лекување на инфекциите на уринарниот тракт. Д-манозата е еден од природните производи, кои може да ви помогне да се ослободи од “здодевната” E. coli. Д-манозата е извлечена од растенијата и е достапна во форма на капсули или прав. Таа има пријатен вкус и е апсолутно безопасна и може да ја користат бремени жени, деца и дијабетичари.

Д-манозата не ги убива бактериите – ниту добрите ниту лошите. Делува на таков начин што ја привлекува бактеријата E.coli и спречува да се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт.Кога E. coli ќе се залепи на ѕидовите на уринарниот тракт, се шири и предизвикува проблеми. При земањето на Д-маноза, бактериите се лепат на едноставната молекула на шеќер и потоа се исфрлаат од организмот со мокрењето.Д- манозата се внесува во вид на капсули при што се зема 3 пати по 3 капсули (4.5 грама), 1 час пред јадење четири дена, а потоа се зема 3 пати по1 капсула. Ако предходно сте пателе од уринарни инфекции може да се зема по една капсула дневно во текот на десет дена.
dddd
Чистата D-Mannose од NOW FOODS е добиена од не-ГМ пченка, бел и сладок компир, буково или брезово дрво. Таа има калорична вредност од 4 калории во еден грам и е минимум од 98% чиста, остатокот е претежно влага. Чистотата и идентитет се потврдени од страна на надворешна лабораторија со користење на специфична HPLC метода за да се обезбеди не-контаминација со други шеќери и било какво разредување (ослабување) со други шеќери, како што се декстроза или сахароза.

 

 

 

 

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...