Почетна / Совети за здравје / Панични напади и клучот за нивно спречување

Панични напади и клучот за нивно спречување

Ви се случило да имате паничен напад и ненадејна промена на однесувањето, расположението и добросостојбата? Како сте се справиле со ситуацијата?
Умеете ли да ја доведете под контрола лесно или пак истата продоилжила и понатаму да се повторува?

Најсигурниот пат за надминување на паничните напади е изнаоѓањето на начини за тренирање на самите себе си на начин на кој како одговор на паничните напади ќе биде состојбата на прифаќање и смирување.

Еден од начините за брзо надминување на напливот на емоции се петте чекори на свесност

1. Препознавање и прифаќање на состојбата
2. Чекање и набљудување
3. Акција
4. Повторување
5.Завршеток

Како да ги примените правилата?
Препознавањето на состојбата е првиот чекор во кој станувате свесни за ситуацијата на страв и започнување со паниката. Не игнорирајте ја или пак не избегнувајте ја. Не одвлекувајте го своето внимание премногу и не прифаќајте ја оваа состојба како опасност .Првиот чекор кон ослободување од чувството на паника е да се потрудите да не ја гледате како опасност на вашата добросостојба за да не го влошите незиниот интензитет.

Прифаќање– прифатете дека сте исплашени вомоментот, не обвинувајте никој друг и прифатете ја ситуацијата во која се наоѓате. Паничните напади не се посакувани, но затоа пак мора да бидат прифатени за да не се повторуваат. Прифатете дека паничниот напад неможе да ви направи ништо, не може да ве повреди или пак во најлоша ситуација убие.
Прифаќањето на симптомите без противење на истите е моќен чекор кон совладување на нападите на паника.

Што може да предизвика кај вас паничниот напад?
Нападот на паника предизвикува големо чувство на страв и несигурност- тоа се двете најлоши работи кои може единствено да ви ги предизвика.
Колку повеќе и ја прифаќате состојбата толку побрзо и незните симптоми и прогрес се намалуваат и не делуваат на вас и вашата психа.

Чекање и набљудување
Во овој чекор многу е битно да запрете со што и да правите, да земете далбок здив па и да изборите до десет, нападот на паника е моментална состојба која ја одзема вашата способност за размислување, расудување , концентрација и делување. Со превземањето на овој чекор вие си помагате себе си да се здобиете назад со вашите способности пред да направите било каква акција.
Доколку реагирате пред да имате можност да размислите одлуката и активноста нема да биде најрационална и ќе биде избрзана и ќе ја зголеми вашата состојба на некомфортност .
Доколку во ваквите моменти се соочувате со силна желба за да заминете и да избегнете некаква ситуација, одложете ја замиг вашата одлука се додека не се чувствувате подобро , останете што подолго и ќе се чувствувате ослободени од стресот побрзо.
Доколку го применивте чекорот чекај, тогаш времето начекање поминете го во опсервација на состојбата, како паниката делува врз вас и како е најдобро вашето тело и разум да одговорат на оваа настаната привремена состојба.
Доколку за време на паничниот напад се наоѓате во пасивна ситуација како возење како патник  во автомобил, посета на фризерски салон или пак чекате во редица пред некаков шалтер многу е битно да ги превземете чекорите : чекај и гледај, додека пак доколку сте во некоја поактивна улога во моментот како управување со моторно возило, презентирање или пак деловен состанок многу е битно покрај двата наведени чекори активно да продолжите со својата работа вомоментот и да се фокусирате на она што го правите како задача со цел имање на поголема контрола на активностите и ситуацијата.

Акција, овој чекор е многу битен затоа што вие потребно е научите како да не превземате активности кои ќе го забрзаат крајот на нападот или пак фобијата туку како да се чувствувате поудобно додека истиот заврши.
Активности кои можат да ви помогнат во овој чекор се : дишењето преку дијафрагмата- стомачно, самоубедувајте се во она што всушност ви се случува е само некомфортно чувство и ништо посериозно- во ред е да се чувствувате исплашено, пробајте да се релаксирате (фокусирајте се на опуштање со релаксација на екстремитетите,мускулите и ставете фокус на правилно дишење)
Повторување, во напливот на страв и емоции,при првите чувства на комфорт може да се соочите со наплив на паника веднаш по чувството на комфорт,затоа повторувајте ги активностите кои сте ги научиле.

Завршеток– запаметете паничниот напад секогаш има крај,сите панични напади завршуваат за кратко без разлика на вашата реакција, вашата единствена улога во целиот овој пшроцес е да научите како да се чувствувате покомфортно додека кај вас настанала ваква ситуација.

И за крај – ДА – паничните напади престануваат, бидете доволно сигурни во самите себе, фокусирајте се, научете како да се контролирате и чувствувајте се поопуштено- вие сте клучот за победа на овој дискомфорт.

 

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...