Почетна / Рецепти / PANETTONE – вкусен колач со суво кандирано овошје

PANETTONE – вкусен колач со суво кандирано овошје

Во трговските центри, за време на новогодишните и Божиќните празници можете да го видете Panetone (Pan de Toni – лебот на Тони) , потсетува на куглоф, но тоа е божиќен леб кој во Италија традиционално се јаде за Божик.

Легендата потекнува од 16. век и се поврзува за Божикната забава каде што главниот готвач заборавил да подготви десерт за гостите. Но едно на изглед небитно младо момче кое работело тогаш како помошник во кујната, без некое поголемо познавање во кулинарството, се сетил на рецептот кој во себе содржел кандирано овошје и им го понудил на гостите овој благ леб.

Вака подготвен колач или леб кој покасно добил име Божиќен леб, едноставно ги воодушевил гостите. Главниот шеф на кујната бил толку поносен на неговиот помошник и не ги препишал заслугите на себе, туку го пофалил младото момче кој се викал Тони и до ден денес тоа име се задржало како Pan de Toni – Panettone.

Денес Божиќниот леб можете да го купите во секој трговски центар во текот на целата година, но како навистина би уживале во лебот, морате сами да го подготвите. Ќе го обожавате а волшебниот мирис ќе го исполни Вашиот дом секој пат кога ќе го печете.

Како да го направите Божиќниот леб (Panettone)?

За да го направите овој единствен леб треба да ги имате следни состојки: 400 грама глатко брашно, 200 грама остро брашно, половина пакетче прашок за печиво, 3 жолчки, 1 јајце, 1 пакетче ванила, 90 грама шеќер, 125 грама путер, 150 милилитри топло млеко, 1 сув квасец, малку сол, 100 милилитри кисела павлака, малку рум, кора од лимон, 100 грама чоколадо, кандирано овошје по желба.

Подготовка: Измешајте го брашното, солта и прашокот за печиво. Во вториот сад ставете ги жолчките, јајцето, ванилата и шеќерот, измешајте го сето ова и додадете го путерот. Потоа сите состојки измешајте ги заедно со исклучок на сувото кандирано овошје. Замесете го тестото и оставете го половина час да порасне, а за тоа време сечете го на ситно кандираното суво овошје. Намачкајте ја тепсијата со путер, во тестото додадете го кандираното овошје, повторно замесете го тестото и ставете го во калап кој тепсија. Се пече на 190 степени, 45 минути.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...