Почетна / Диети / Палео диета

Палео диета

Американските научници Ви препорачуваат дека треба да се јаде како во време на палеолит за да можете да слабеете на сигурен и природен начин: многу овошје и зеленчук, помалку калории. Палео диета, ќе ве врати на здравата храна од прастари времиња, кога човекот живеел од земјоделие и лов и не ја познавал рафинираната и масната храна и консумирал речиси 100 различни врсти на овошје и зеленчук.

Со ова диета не само што ќе ослабете неколку килограми за недела дена, туку кожата ќе Ви стане убава, а тенот ќе Ви блеска.

Утрински појадок: 100 грама јогурт, во кој треба да додадете ситно сечкано свежо овошје, една или две чаши сок од цеден грејпфрут, мало парче интегрален леб намачкан со мармелад или мед, шолја кафе.

Ручек: 60 грама ориз со тиквички и син патлиџан, 300 грама салата од свежо овошје, лимон и 2 лажици жолт шеќер.

Вечера: 200 грама риба, 100 грама мешана салата, 50 грама интегрален леб, 200 грама овошје по желба.

Втора варијанта

Ручек: кајгана со артичока, 50 грама не масно сирење, 30 грама интегрален леб, една круша.

Вечера: една чинија од различно варено овошје, 100 грама зелена салата со маслиново масло, 30 грама интегрален леб, 100 грама шлаг во кој е додадено 200 грама јаготки или друго сезонско овошје.

Трета варијанта

Ручек: 100 грама соја, 200 грама мешана салата со 2 лажици маслиново масло, 50 грама интегрален леб, едно јаболко.

Вечера: 150 грама риба, 250 грама мешан зеленчук на скара, 30 грама интегрален леб, 250 грама овошна салата.

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...