Почетна / Рецепти / Палента со буковки и зеленчук

Палента со буковки и зеленчук

Ова вкусно и здраво јадење е нешто што не смеете да го пропуштите. Едноставно се подготвува а вкусот е феноменален.

Состојки: 250 грама палента, 200 грама печурки буковки, 3 децилитри сос од домати, 2 лажица маслиново масло, 10 маслинки сечкани на ситно, 1 чешне лук, 50 грама претходно сварен грашок, 100 грама тиквички, 1 морков, сол, црна пипер .

Подготовка: Палентата се подготвува на класичен начин. Кога палентата малку ќе се излади, истресете ја во чинијата во која што ќе биде сервирана. Во сосот од домати додадете ги сечканите маслинки и зачините по Ваша желба и овој сос е готов. Тиквичките, морковот и буковките сечете ги на тенки ливчиња, па заедно со претходно сварениот грашок пржете ги на масло десетина минути. Кога зеленчукот е омекнат додадете го лукот, солта и пиперот. На палентата ставете ги пржените буковки со зеленчукот а околу палентата сосот од доматниот пире и маслинки.

Добар апетит!

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...