Почетна / Рецепти / Палачинки со зеленчук

Палачинки со зеленчук

Доколку Ви се здосадени класичните солени палачинки, полнети со шунка, кашкавал или мелено месо, време е да пробате нешто не секојдневно. Ви нудиме рецепт за палачинка полнета со зеленчук!  

Потребно е:

  • 400 грама младо сирење
  • 200 грама измиени лисја од спанаќ
  • Еден кромид
  • 1 свежа краставица
  • 1 поголем морков
  • Мускатно оревче
  • Сол
  • Црн пипер
  • Малку маслиново масло

Подготовка:   

  • На малку масло испржете го исечканиот кромид и изренданиот морков, а пред крај додадете го спанаќот и кратко измешајте.
  • Во садот измешајте го пржен кромид, морковот и спанаќот со младото сирење, па зачинете со мускатно оревче, сол и црн пипер.   .
  • На крајот додадете ја добро измиената краставица која е исечена на помали парчиња. Сето ова убаво измешајте и филувајте ги палачинките.
  • Доколку сакате можете на кратко да ги потпечете во рерната.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...