Почетна / Рецепти / Палачинки со Elitte кафе

Палачинки со Elitte кафе

Се прашувате како да направите вкусни палачинки и да ги изненадите вашите најмили? Подгответе се за највкусниот чоколаден десерт со арома на кафе кој за кратко време ќе ви стане омилен, вас и на вашето семејство.

Потребни состојки:

80 г брашно
1 лажица шеќер
1 лажица инстант 3 во 1 Elitte кафе
1 лажичка ситно рендано чоколадо
2 јајца
1 жолчка
20 г растопен путер
млеко по потреба
малку сол
шлаг
цимет

Начин на подготовка:
Во еден сад измешајте ги брашното, шеќерот, кафето, чоколадото и солта. Во друг сад измешајте ги јајцата и жолчката и потоа додадете го растопениот путер. Измешајте ги двете смеси и пополека дур мешате додавајте млеко.
Оставете ја сместа да отстои еден час. Палачинките пржете ги на путер. Готовите палачинки служете ги со шлаг и цимет.

Добар Апетит!

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...