Почетна / Здравје и исхрана / Ова лето не заборавајте со себе на одмор да понесете пробиотици- еве зошто се од особена важност!

Ова лето не заборавајте со себе на одмор да понесете пробиотици- еве зошто се од особена важност!

Планирате да одите на одмор?
Често на одмор знаеме да се соочиме со пад на имунитетот, настинка, лошо варење на храната и дијареа…и одморот да не се чувствува како одмор.
Понесете пробиотици во својата патна торба затоа што регулирањето на цревната микрофлора е од голама важност секогаш па и при патување.

Здравата флора во цревата, го стимулира имунолошкиот систем и обезбедува заштита од акутни и хронични проблеми. Ако во цревата се најдат патолошки бактерии, се зголемува иритација на цревата, а во исто време се ослабува и имунолошкиот систем. Поради различни услови на животната средина и квалитетот на водата и храната, инфекциите од патогени микроорганизми се особено чести при патување. Резултатот е слабост, патничка дијареа и паднат имунолошки систем. За спречување и како дел од терапијата со ре-хидратација се препорачува терапија со пробиотици.

Најчесто се користат пробиотици кои содржат млечно-киселински бактерии од родот лактобацилус и бифидобактерии. По земањето, тие поминуваат низ стомакот и цревната слузница каде спречуваат врзување на патогени микроорганизми. Така се спречува нивниот раст, се стимулира имунолошкиот систем и активноста на постојната микрофлора, се инхибира производството на токсини и се влијае на целиот “екосистем” на стомакот. Клучен елемент за квалитет на пробиотските производи е содржината на повеќе од 4 милијарди пробиотски микроорганизми, особено од видот на лактобацилуси и бифидобактерии, ентерично обложена капсула имешавина на различни корисни видови на пробиотици во комбинација со пребиотик, за да се поттикне нивната репродукција.

Како делуваат пробиотиците?

Пробиотиците се одлични. Тие извршуваат голем број на важни функции во телото:

    • Пробиотиците им оневозможуваат на штетните бактерии да се задржат во дигестивниот тракт. Доколку настане задржување на лошите бактерии, тие можат да предизвикаат низа на проблеми со варењето, па затоа од крузцијално значење е одржување на поголемо ниво на пробиотски (добри) бактерии за одржување на здравјето на цревната микрофлора, а со тоа и на целиот организам.
    • Апсорпција на нутриенти – пробиотиците обезбедуваат комплетно искористување на нутриентите, и асистираат на дигестијата. Тие можат да синтетизираат нутриенти како витамини од групата B и К витаминот. Тие исто така се поволни за подобра апсопција на калциумот важен за здравјето на коските и забите.
    • Зајакнување на имунитетот – постојат низа на докази кои докажуваат дека пробиотиците исто така го поддржуваат нормалното функционирање на клетките од имуниот систем преку модулирање на функцијата на заштитната бариера. Многу е важно да се знае дека имунитетот и неговата заштитна улога се здобиваат со поголеми бенефити преку исхраната, се она што консумираме е клучнен фактор за нашето здравје или како што би рекле нутриционистите здравјето е резултат на здравите навики во исхраната (здравјето доаѓа од она што внесуваме во исхраната)
    • Елиминација на штетните отпадни материи – Покрај тоа што пробиотиците ги обезбедуваат здрава цревна микрофлора и варење, тиа исто така обезбедуваат полесно ослободување од штетните материи и ”отпад” од телото кои се бипродукти на метаболизмот.
    • Враќање на балансот на организмот- често по патување, стрес или пак дисбаланс на организмот добрите пробиотски формули можат брзо да ја подобрат општата добросостојба на организмот преку обновување на микрофлората и да го подоврат варењето кое е клучно за да се чувствувате витално и здраво .

Која храна содржи пробиотици?

Голем број на продукти од секојдневната исхрана содржат добри пробиотици.
Започнувајќи од јогурт, кефир, комбуха, сирење па се до кисели краставички и темно чоколадо, пробиотиците можат да се најдат и низ производите кои често се наоѓаат на нашето мени.

За дополнителна поддршка на имуниот систем ви препорачуваме  Acidophilus 4×6 – природен суплемент на најпродаваниот бренд NOW FOODS кој во себе ја содржи 6 корисни пробиотици меѓу кои и Lactobacillus acidophilus која создава млечна киселина и со тоа го спречува ширењето на штетни цревни бактерии, а со создавањето ензими осигурува правилна дигестија на храната, искористување на хранливите материи (особено на млечните шеќери) и елиминација на оптадот од организамот. Поради тоа е особено корисен за лицата кои се алергични или тешко ја варат млечната храна.

Acidophilus 4×6 од Now Foods со 6 вида на пробиотици е создаден со природна ферментација и содржи високо квалитетна и моќна ацидофилус пробиотска бактерија со 4 милијарди активни цревни бактерии Lactobacillus acidophilus во една капсула. Збогатен е со концентрирани фруктоолигосахариди (FOS) кои го помагаат растот на добрата микрофлора во цревата.

Состав : Lactobacillus acidophilus, Bifidobacterium bifidum, Bifidobacterium longum, Streptococcus thermophilus, Lactobacillus bulgaricus, Lactobacillus paracasei.

Производот можете да го купите од сите подобро снабдени аптеки низ Републиката но и да го нарачате онлајн на следниот ЛИНК

Проверете и

Храна која ќе ви помогне подобро да спиете

Храната е лек доколку се консумира умерено и во вистинско време се консумираат соодветни намирници. ...