Почетна / Здравје и исхрана / Ова е храна која во жешките денови лесно се расипува и може да биде причина за труење

Ова е храна која во жешките денови лесно се расипува и може да биде причина за труење

Во летните месеци храната може да биде расипана заради неправилно одржување, недоволно термичка обработка, лошо складиште.

Во лесно расипливи намирници се вбројуваат: млеко, млечни производи ( сирење, кајмак, павлака), јајца, сосови, прелив и кремови изработени со јајца и млеко.


Сладоледот е често причина за труење со храна, како и мелено месо и јадења во кои истите се употребуваат (пити, бурек, лазањи).

Меѓутоа, ниеден вид на храна не треба да се избегнува. Доволно е да се води сметка намирниците да се набавуваат од проверени места, да имаат контролирано потекло, да се обрати внимание на хигиената на рацете, садовите и просторијата каде храната се подготвува. Погрижете се исто така термичката обработка да биде долга, храната во фрижидерот правилно да се складира, и на крај да се избегнува повеќекратно подгревање.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...