Почетна / Здравје и исхрана / Оцет – зачин и лек

Оцет – зачин и лек

Оцетот веќе стотици години се користи како конзерванс, додаток во јадењата или како зачин.

Оцетот се производ на ферментација ( вриење ) на вино или некој друг алкохол. Квалитетот на оцетот зависи од квалитетот на алкохолот, кој преставува база за неговото создавање. Оцетот треба да биде чист и проѕирен. Оно кое се купува во продавниците е пастеризирано, така да неотворена боца може да трае долго време, доколку се држи на темно и ладно место, а кога еднаш ќе се отвори, може да се користи три месеци ако е добро затворено. Доколку во оцетот се појавува мувла, тоа е знак дека е расипано.

Врсти на оцетот:

Вински – може да се прави од бело или црно вино, шери, па дури и од шампањско, а оцетот го задржува бојата и вкусот од виното кое е користено. Винската киселина е најзастапена во кујните на медитеранските земји.

Оцет од јачмениот слад – најдобро се користи како зачин, со пржена храна.

Дестилиран оцет – се прави од алкохол од житарки. Има силен вкус и поголемо количество на киселина од другите врсти на оцет. Одличен е како конзерванс за туршија.

Ароматичен оцет – тоа е вински оцет збогатен со зачинските билки, зачин и овошје. Лесно се подготвува: во винскиот или дестилиран оцет се додаваат по Ваша желба додатоци. Ароматичниот оцет е многу популарен. Инаку, оцет со арома на каранфилче, малина или копар се продавало на улиците во Париз во 13. Век.

Оцет од ориз – настанува од ферментацијата на ориз. Многу е делотворно и медицинско силно средство. Го чисти организмот од токсини и помага при варењето на храна. Има пријатен благо кисел вкус, па се освен во преливите користи и за киселење. Во мали количини е добар додаток на пржениот зеленчук, во јадењето и во алгите – за да ги направи помеки. Исто така се користи и во макробиотичката исхрана.

Умебоши оцет – умебоши сливи се ферментирана врста на јапонски кајсии. Течност која настанува при процесот на ферментацијата на умебоши слива е умебоши оцет. Кај нас може да се направи и од нашите кајсии, според традиционален јапонски рецепт. Го зголемува апетитот кај заболените лица, го запира процесот на распаѓање во цревата, моментално ја враќа крвта во базна состојба, го чисти организмот, помага кај опстипација и ги намалува болките.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...