Почетна / Здравје и исхрана / Откриено: Зошто децата не сакаат да јадат?!

Откриено: Зошто децата не сакаат да јадат?!

Децата кои не јадат зеленчук можеби тоа го прават поради примарниот инстинкт за преживување, тврдат новите истражувања. Докторките Ени Верц и Карен Вин кои се психолози на Универзитетот Јејл, напишаа студија за тоа како децата се однесуваат во близина на растенија.

Тие ги прателе децата кои си играат со различни објекти и сватиле дека децата не земаат природни нешта за играње како што се растенијата толку многу како што играат со пластични и метални објекти.

Децата имаа можност да бираат помеѓу две различни живи растенија, две вештачки растенија и два други објекти. Експериментот покажа дека децата се двоумеле дури и да ги допрат живите растенија кога тие се поистоветувале како играчка.

Тие веруваат дека ваквото однесување е програмирано кај децата од раѓање за да избегнат повредување или труење од непознати билки или цвеќиња.

“Оваа стратегија ги чува децата од опасни билки и така се продолжува нивната шанса за опстанок”, пишува во истражувањето.

Ова истражување исто така може да ја објасни фрустрацијата на многу родители кои се обидуваат д ги натераат своите деца да јадат зеленчук, тврдат психолозите.

“Во модерниот живот, растенијата не играат толку важна улога во животот на луѓето и воглавно може да се сретнат во парковите, тревниците и како свежо овошје и зеленчук  низ продавниците. Во текот на човековата еволуција тие биле клуч на нашиот опстанок. Но, покрај овие предности, растенијата претставуваат и опасност, тврдат тие.

Студијата на овие две докторки тврди дека одбрамбениот механизам и нагон за преживување може да бидат причина поради која децата не јадат зелен зеленчук.

“Растенијата произведуваат токсини како би се одбраниле од опасните предатори и тие може да бидат штетни па дури и смртоносни доколку се најдат внатре во организмот”, стои во истражувањето.

Психолозите исто така тврдат дека одбранбениот механизам може да биде променет доколку на децата им кажеме дека одредена билка е безбедна за конзумирање или за негоја друга цел.

“Ние не кажуваме дека децата активно се исплашени од растенијата, туку сметаме дека кога детето ќе идентификува некој објект како растение, тоа применува одбрамбена тактика и одбива да ги допре, што го штити од потенцијални повреди кои растенијата може да им ги нанесат”, нагласуваат психолозите.

Проверете и

CoQ10 – ПОДДРШКА ЗА ЗДРАВ СРЦЕВ МУСКУЛ И ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ЗА ОРГАНИЗМОТ

Што е CoQ10? Коензимот Q10 е природен нутриент есенцијален за живот и здравје на секоја ...