Почетна / Рецепти / Освежителни овошни салати полни со витамини

Освежителни овошни салати полни со витамини

Кај подготовката на овошните салати, поред вкусот, битен е и изгледот. Важно е да ножот со кој овошјето се сечи биде остар за да овошјето не се згмечи а салатата да не се претвори во каша.

ЕГЗОТИЧНА САЛАТА

Потребно е:    

Четврт шолја сок од лимон, половина шолја шеќер, 2 банани сечени на тркалца, половина ананас сечен на парчиња, десет помали исчистени јаготки, 2 лажици свежо сечкано нане, третина шолја кокосово брашно, сладолед од ванила.

Подготовка:   

Измешајте сок од лимон, вода и шеќер во тенџерето, стоплете ја до вриење, мешајќи постојано додека шеќерот не се стопи, па тргнете го тенџерето од органот и кога ќе се олади ставете го во фрижидер да се стегни.

Пред служењето во садот измешајте го овошјето, рамномерно прелејте го со шуруп, наросете со мента и кокосово брашно и лесно измешајте. Салатата ставајте ја во чаши за послужување и преку секоја можете да ставите по лажица сладолед од ванила.

САЛАТА ОД СЕЗОНСКО ОВОШЈЕ

Потребно е:    

1 килограм исчистени кисели јаболка, 3 поголеми портокали, малку компот од праска, суво грозје, сезонско овошје.

За прелив: 200 грама шеќер, 2 децилитри вода.

Подготовка:   

Зовриениот шеќер и водата оставете ги да  се изладат и во тоа ставете ситно исечкани јаболка. Потоа додадете ситно исечен портокал, праски и сезонското овошје. Држете во фрижидер до употреба. Овошната салата сервирајте ја во подлабоки чаши со додаток на суво грозје и сечкани ореви. Може да се декорира со шлаг или сладолед.

САЛАТА ОД ЈУЖНО ОВОШЈЕ

Потребно е:   

½ килограми киви, 2 банани, 3 портокали, помал ананас, ½ килограми јаболка, 2 кесички шлаг.

Подготовка:   

Измијте го овошјето, излупете го и исечете го на ситни парчиња. Изматете 2 кесички шлаг во подлабок сад и измешајте го со овошјето и десертот е готов. Овошјето не морате да го мешате со шлаг. Можете да ставите малку мед во подготвеното и измешаното овошје.

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...