Почетна / Рецепти / ОСУМ НОВИ ЈАДЕЊА ЗА ДЕНОВИТЕ НА ПОСТОТ

ОСУМ НОВИ ЈАДЕЊА ЗА ДЕНОВИТЕ НА ПОСТОТ

До Божик, кога се завршува постот, имате сосема доволно време да подготвувате посни јадења. Сосема сме сигурни да поради феноменалниот вкус и едноставната подготовка овие јадења ќе станат дел од Вашиот семеен мени.

Пастрмка со компир

Потребно Ви е: 4 компири, 2 кромиди, лук, 1 домат, китка магдонос, 2 лимони, 8 лажици маслиново масло, 4 помали пастрмки, 1 лажица сув рузмарин, 1 лажица сол, 1 лажица црна пипер.

Подготовка: Обарете го компирот кој е сечен во коцки во солена вода. Исечете го магдоносот, кромидот и доматот, а солта и црната пипер измешајте ги со половина масло и сок од еден лимон. Жешкиот компир измешајте го со преостанатиот зеленчук и додадете го зачинетото масло. Измешајте го маслото со сокот од лимонот, рузмаринот, црната пипер и солта и сето ова прелејте преку пастрмките. Наредете ги во тепсија и печете 40 минути на 180 степени.

Пикантна салата со маслинки

Потребно Ви е: 300 грама црни маслинки, ена лажица мајкина душичка, една лажица рузмарин, една лажица оригано, една лажица нане, малку црна пипер, 200 грама маслиново масло, 250 грама растителен кашкавал.

Подготовка:Измешајте ги сувите зачини, а билниот кашкавал исечете го на коцки. Сe прелејте со маслиновото масло, додадете ги маслинките и полека мешајте и внимавајте да се биде прелеано со масло. Ставете се во сад со капак и ова салата може да седи во фрижидер неколку недели. Два часа пред служењето извадете ја салатата од фрижидер.

Пелат сатараш

Потребно Ви е: 500 грама кромид, 500 грама тиквички, 500 грама син патлиџан, 500 грама пиперки, 1 лук, 2 лажици домтен сос, 200 милилитри масло, 2 лажици киселина, 200 грама ориз, 3 листа од ловор, сол, црна пипер

Подготовка: Исечете го кромидот, потоа испржете го на масло заедно со пиперките кои се исечени на ленти. Кога пиперката ќе омекни додадете ги тиквичките и синиот патлиџан кој претходно го излупивте и  исековте на коцки. На крај додадете го и лукот. Уште малку пржете, па додадете ги зачините, оцетот и доматниот сос. Доколку е потребно, додадете малку вода и мешајте. Оставете на топла рингла еден час. Сварете го оризот и служете заедно со сатарашот.

Запечен грав

Потребно ви е: 1 килограм грав, 2 кромиди, 1 лук, лажица сол, една лажица црна пипер, една киска магдонос, 4 моркови, 2 лажици црвена пипер, 4 лажици брашно, 3 лажици сув билен зачин, ловоров лист, сол, масло

Подготовка: Ставете го гравот да поврие во вода, потоа истурете ја водата и додадете нова, но топла. Кромидот и лукот исечете на коцки и додадете ги во гравот и ловоровиот лист. Варете на тивкиот оган, а кога гравот е на пола варен, додадете ги морковите кои се сечени на тркалца. Додадете ја црната пипер, сув билен зачин и по потреба сол. Префрлете го гравот во садот за печење, наросете го со брашно, црна пипер и црвената пипер, па се убаво измешајте. Доколку е потребно додадете малку вода. Прелејте со масло и сечкан магдонос, па печете 40 минути на 180 степени.

Салата од блитва

Потребно Ви е: половина пакување спирални макарони, 150 грама моркови, 2 китки блитва, 150 грама кисели краставици, 2 лажици кромид во прав, 200 милилитри посен мајонез, една лажица сок од лимон, сол

Подготовка: Измијте ја и исечкајте ја блитвата на ленти. Додадете сол, лесно гнечете со раце и оставете ја да поседи половина час. Морковот сварете го така да биде поцврст, па потоа сечете го на коцки, како и краставиците. Макароните сварете ги и исцедете ги. Блитвата измешајте ја со исечканите краставици и морковот, додадете уште кромид во прав и мајонез. Зачинете со сок од лимон и додадете сол по вкус. Се измешајте и можете да служите.

Полнети пиперки

Потребно Ви е: 12 пиперки, 2 кромиди, 1,5 килограми компир, 4 лажици сув магдонос, 2 лажици сув билен зачин, 1 лажица црна пипер, 3 лажици масло, сол

Подготовка: На изренданиот компир додадете го наренданиот кромид, магдонос, сув билен зачин и црната пипер. Сите состојки добро измешајте ги, со рацете исцедете ја смесата а потоа полнете ги пиперите. Редете ги пиперките во садот за печење. Исцедениот сок од компирот прелејте преку наредените пиперки и се прелејте со масло. Печете 45 минути на 180 степени.

Салата од туна

Потребно Ви е: 200 грама туна од конзерва, 200 милилитри билна блага павлака, 1 чешне лук, лажица сечкан магдонос, 100 милилитри маслиново масло, сол, црна пипер, 1 пакување макарони.

Подготовка: Во ладно маслиново масло ставете ситно исечкан лук и само малку попржете. Додадете ја туната и прелејте со билна павлака. Посолете, додадете црна пипер и се убаво измешајте. Сварете ги макароните, иседете ги и измешајте со преливот. Додадете свежо сечкан магдонос и служете.

Макарони со дагњи

Потребно Ви е: Пакување макарони, 300 грама замрзнати дагњи, 1 лук, малку маслиново масло, сув билен зачин, магдонос, 500 милилитри блага билна павлака, сол.

Подготовка: Дагњите ставете ги во цедилка да се исцедат. На масло испржете го лукот кој е ситно исечкан но внимавајте да не изгори. Штом лукот ќе пожолти додадете ги дагњите и лажица вода. Пржете ги дагњите 15 минути, па прелејте ги со павлаката. Лесно мешајте додека не поврие и додека не се згусни. Наросете ги дагњите со сечканиот магдонос. Во готовиот сос додадете ги варените макарони.

 

Проверете и

Креативни и здрави оброци јајце +пиперка- совршена комбинација

Во овој период од годината црвените пиперки се одличен додаток на секој ваш оброк. Па ...