Почетна / Здравје и исхрана / Останете здрави: Храна која штити од зимата
Young woman on the market

Останете здрави: Храна која штити од зимата

Зимата е сезона во која имунолошкиот систем е ставен на тест.

Првото место, за одбрана на организмот, по репутација, зазема витаминот Ц, затоа во зимските месеци е пожелно да се внесуваат намирници кој изобилуваат со него: цитрусно овошје, зелка (свежа и кисела), брокула особено за време на грип и настинка. Внесувањето на витамин Ц го скратува времетраењето на настинката и грипот.

Помале познати но не и помалку важни сојузници за јак имунитет се и витамините Е, А, Б6 и минерали: цинк, железо, бакар и селен. Познато е дека дефицитот на железо резултира поголема подлога за инфекции, додека цинкот, бакарот и селенот докажано го зајакнуваат имунитетот. Внесувањето на овошје, зеленчук, интегрални житарици, јаткасти плодови и семе го припремаат организмот за борба со инфекциите.

Маглата, дождот и снегот се случува да бидат причина за депресивно и меланхолично расположение. Внесувањето на витамин Б комплекс (Б1, Б3, Б6, Б9 и Б12) кој се содржат во местото, рибата, интегралните житарици, пченичните производи, кикирите, сојата, гравот, грашакот помагаат за преовладување на депресијата. Освен што позитивно делува на расположението Б комлексот го заштитува организмот од ладното време и константна промена на температура од ладно во топло.

Проверете и

Влијанието на поленот врз здравјето

Пчелниот полен е мешавина на различен полен кои го собираат пчелите додека летаат од еден ...