Почетна / Совети за здравје / ОСНОВНИТЕ ЧЕКОРИ ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

ОСНОВНИТЕ ЧЕКОРИ ЗА ЗДРАВО СЛАБЕЕЊЕ

Вежбате и здраво се храните, но килограмите не заминуваат доволно брзо. Идеално, односно најздравото слабеење, е оно слабеење кога губите пола до еден килограм неделно.

За да го забрзате слабеењето, следете ги овие правила чија делотворност ја докажале научниците по долгогодишно истражување.

Зголемете го внесувањето на влакната

Јадете најмалку 20 грама влакна дневно, а нив можете да ги пронајдете во житарките, овошјето, и зеленчукот. Влакната ќе Ве држат повеќе часа најадени, што е одлична предност во слабеењето.

Зголемете го внесувањето на витаминот Д

Телото го произведува самостојно при излагањето на сонце, но потребно е и да се внесува и по поат на храна. Витамин Д ќе го пронајдете во млекото и млечните производи.

Зголемете го внесувањето на незаситените масти 

Дневно е потребно да јадете 3 до 4 порции здрави масти. Тоа се незаситени масти кои можете да ги пронајдете во јатките, авокадото, во некои видови на риба па дури и во чоколадото.

Зголемете го внесувањето на протеините

Дневно внесувајте 3 порции протеини по пат на не масно месо, млечни производи или мешунки. Освен што се есенцијални за здравјето и развојот, протеините долго ќе Ве држат сити и го подобруваат слабеењето.

Проверете и

Ги спречува и третира инфекциите на уринарниот тракт

Боровинките се најпознати во помагање, спречување или лекување на инфекциите на уринарниот тракт . Овие ...